13 333 Работно време: 24/7

                                       

ИутеКредит Македонија

Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страницата на ИутеКредит www.iutecredit.mk

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник”) при посета на интернет страницата www.iutecredit.mk (понатаму:„интернет страница”). Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на посета на други интернет страници до кои корисниците пристапуваат преку нашата интернет страница.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страницата, приватноста на корисниците целосно се почитува.
Иуте Кредит ги собира следниве податоци при посета на страницата:

Лични идентификациски информации

Ние може да собираме лични идентификациски информации од корисниците на разни начини, а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на страницата. Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно. Ние ги собираме личните идентификациски информации од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до нас. Корисниците може во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски информации, освен доколку тоа ги спречува во остварување одредени активности поврзани со посетата на страницата.

Идентификациски информации што не се лични

Ние може да собираме и идентификациски информации за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат страницата. Идентификациските информации што не се лични може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

Нашата страница може да користи колачиња за да се подобри корисничкото искуство. Пребарувачот на интернет на корисникот, ги чува колачињата на неговиот компјутер заради цели на чување записи за посетите на страницата. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога ќе се пратат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Аналитика на „Гугл“

Страницата користи аналитика на „Гугл“ за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на страницата (вклучително и ИП адресата) се проследуваат до „Гугл“. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на страницата на .
Ние нема (ниту ќе им дозволиме на третите страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или за собирање на кои било лични идентификациски податоци на корисниците на нашата страница. „Гугл“ нема да ја придружи вашата ИП адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во „Гугл“. Ниту ИутеКредит ниту „Гугл“ нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе ИП адресата со идентитетот на корисникот.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Иуте Кредит ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме корисничките лични идентификациски информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, како и другата важечка регулатива.

Податоци од Македонско Кредитно Биро

МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со ваша претходна писмена согласност.
Имате право на увид на податоците кои се водат во МКБ, како да ја оспорите точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот.
МКБ не носи одговорност заради податоците содржани во извештајот или за било каква неповолна активност преземена од Корисникот на податоци спрема Вас, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да Ви наштети Вам или на давателот на податоци или на корисникот на податоци.
МКБ ги брише Вашите податоци по изминување на 5 години од исплата на обврската или затворање на сметката.
Имате право со писмена изјава да ја повлечете оваа согласност.

Веб-страници на трети лица

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата страница, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, фирми со лиценца и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од нашата страница. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена политика за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебна политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со кој било друга страница, вклучувајќи ги страниците што имаат врски кон нашата страница е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Иуте Кредит има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Контактирајте нè

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на личните податоци на страницата, практиките или комуникацијата со страницата, ве молиме контактирајте нè на:

  • Адреса: ул. 1732 бр.4, Комплекс Парк Резиденс, Скопје
  • Телефон: 13 333
  • E-пошта: info@iutecredit.mk