13 333 Работно време: 24/7 24/7 Viber
13 333 Работно време: 24/7 24/7 Viber
Почетна > Општи услови – автомобилски кредит
ИутеКредит Македонија
ФД „Иуте Кредит Македонија“ ДООЕЛ Скопје со регистрирано седиште на ул. 1732 бр.4 Комплекс Park Residence Ламела А – лево, Сутерен, ДП бр. 1, 1000 Скопје Р. Македонија, со ЕМБС 7221290 и ЕДБ 4080017567436, регистриран во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Македонија е-маил: info@iutecredit.mk, тел: +38923149999, во понатамошниот текст Давател на кредит.
Општите Услови се составен дел од Договорите за Кредит, склучени меѓу ФД „Иуте Кредит Македонија“ и Корисниците на кредитите, истите им стојат на располагање на сите заинтересирани лица и се достапни и на веб страната на ФД „Иуте Кредит Македонија Дооел Скопје“. Кредитите, кои се доделуваат согласно овие ОУ, се одобруваат и исплаќаат од страна на ФД „Иуте Кредит Македонија“ во македонски денари и се отплаќаат од страна на Корисниците на кредитот во македонски денари (МКД). Сите рокови за целите на овие ОУ, Барањата за одобрување на кредитите и склучените Договори, се пресметуваат користејќи календарска година со траење од 360 дена.
Закон за заштита на податоци– Законот за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005, изменет),
Применлив закон – Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001, со следни измени, дополнувања и одлуки), Закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредит, Закон за договорен залог, Закон за податоците во електронски облик и електронски потпис и Закон за давање на финансиски услуги на далечина.
Договор – договор за кредит – Договорот, со сите прилози кон истиот, а доколку е наложено со контекстот, овој поим значи документ на договор за потрошувачки кредит,
Договор со обезбедување – Договорот за кредит со залог на возило или Договор за наменски кредит со залог на возило, со сите прилози кон истите,
Договор за залог – договор со својство на извршна исправа за залог на возило, во случај на склучување на Договор за кредит со залог на возилоили Договор за наменски кредит со залог на возило, со сите прилози кон истите,
Кредитна контрола– процес на процена на кредитната способност на Корисникот на кредит, проверка и ревизија на можноста за враќање на Кредитот,
Камата – износ на каматата која треба да се плати на Давателот на кредит како надомест за користење на парите на Давателот на кредит,
Провизија – сите провизии кои ги наплаќа Давателот на кредит во врска со Кредитот според Договорот или Договорот со обезбедување,
Надомест за суспензија – износ на надомест кој Корисникот на кредит треба да го плати доколку сака да го одложи датумот на уплата пред доспевање на месечната рата,
Кредит – износот на кредитот (како што е дефинирано во Договорот или Договорот со обезбедување) префрлен на Корисникот на кредит од страна на Давателот на кредит,
Општи услови – овие Општи услови,
Веб страна – веб страната на Давателот на кредит, www.iutecredit.mk
Датум на отплата– денот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите провизии,
Македонски закон за потрошувачки кредити – Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити на Република Македонија (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 51/2011),
Кредитно биро– Македонското кредитно биро АД Скопје, Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, кат 5, Скопје, кое работи врз основа на Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, изменет),
Кредитен посредник – Трговец – лице овластено од Давателот на кредит за склучување на договори за потрошувачки кредит во негово име и за негова сметка,
Апликација – Апликација за одобрување на Кредит кое Корисникот на кредит го доставува до Давателот на кредит лично,
Барање – Барање за одобрување на Кредит кое Корисникот на кредит го доставува до Давателот на кредит лично,
Страни – има значење како што е дадено во Договорот или Договорот со обезбедување.
Канцеларија – го означува секој трговски објект, користен од ФД „Иуте Кредит Македонија“, во кој Корисникот на кредит ќе може да изврши една или повеќе од следниве дејности: да добие информација и/или консултација за условите за аплицирање, добивање и користење на кредит; да аплицира за кредит; да склучи Договор за кредит; да изврши други активности согласно овие ОУ за кои експлицитно е наведено дека можат да бидат извршени во соодветната Канцеларија. Локацијата, работното време и соодветната организација, која управува со Канцелариите, се наведени на веб страната на ФД „Иуте Кредит Македонија“.
CВT – ја означува Годишната стапка на вкупните трошоците согласно Законот за заштита на потрошувачите при доделување на потрошувачки кредити и сите останати важечки закони и подзаконски акти во Република Македонија;
СМС код за идентификација – означува СМС порака со код кој ќе биде испратен на личниот телефонски број наведен во Барањето и ќе има важност на електронски потпис во смисла на член 2 и член 12 од Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.
Давателот на кредит одобрува Кредит на Корисник на кредит откако ќе ги исполни сите долунаведени услови:
Oдобрувањето на Кредитот зависи од успешната потврда на Апликацијата и проценката на кредитниот ризик. Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит на Корисникот на кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната проценка на кредитниот ризик на Корисникот на кредит, Давателот на кредит ќе го извести Корисникот на кредит за резултатите од евалуацијата и ја наведува базата на податоци каде е извршена проверката.
Корисникот на кредитот аплицира за кредит, со поднесување на Барање до ФД „Иуте Кредит Македонија“ на образец, лично. Поднесувањето на Барањето е можно преку веб страната на Давателот на кредит, телефонски, во канцеларија на Давателот на кредит, преку кредитен посредник или на друг начин претходно искомунициран со корисниците преку јавни медиуми.
Во Барањето, според дадените полиња, се наведуваат личните податоци на Корисникот на кредитот, неговата електронска пошта, телефон за контакт и др., како и бараниот износ на кредитот, рокот на кредитот, називот на кредитниот производ, под кои услови Корисникот на кредитот сака да го користи кредитот. Во прилог кон Барањето Корисникот на кредитот на означеното место на веб страната прикачува и копија од лична карта или пасош во форма на јпг, пдф или пнг.
За било какви грешки при пополнување на податоци, настанати по вина на Корисникот на кредитот, ФД „Иуте Кредит Македонија“ не сноси одговорност и сите последици од таквите грешки паѓаат на товар на Корисникот на кредитот.
Барателот на кредитот на веб страната треба да го пополни називот на Кредитниот производ, износот и времетраењето на кредитот, да ја потврди својата согласност за прифаќање на ОУ, да даде согласност за обработување, користење и чување на личните податоци од страна на ФД „Иуте Кредит Македонија“, ФД „Иуте Кредит Македонија“ да врши проверки на кредитна способност на барателот на кредитот, потоа Барателот на кредитот барањето со потребната документација ја доставува до ФД „Иуте Кредит Македонија“ со давање на командата „Aплицирај”.
ФД „Иуте Кредит Македонија“ му ја доставува на корисникот на кредитот преку електронската пошта која ја има наведено, целата потребна преддоговорна информација за бараниот Кредит, предлог Договор за кредит, Општи услови и предлог на паричните текови за потребите на пресметката на СВТ вклучени во Договорот за кредит или Договорот со обезбедување.
Барањето за кредит не е обврзувачко и Корисникот на кредит може во било кој момент до потпишувањето да го откаже без дополнителни надоместоци.
Доколку апликацијата и потпишувањето на Договорот се одвиваат физички со присуство на Корисникот на кредит во Канцеларија на Давателот на кредит или кај кредитниот посредник, преддоговорните информации, општите услови и предлог Договорот се доставуваат лично на потпис кај Корисникот на кредит.
Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на Давателот на кредит копии од документите потребни за проверка на кредитната способност на Корисникот на кредит и тоа: копија од Лична Карта (или пасош) – двете страни, копија од последен извештај за годишен приход, потврда за вработување или копија од банкарски извештај за последните три месеци, документ за примање на пензија.
Корисникот на кредит е обврзан да му обезбеди на Давателот на кредит валидна сообраќајна дозвола со која ќе потврди дека возилото кое ќе биде предмет на залог за обезбедување на кредитот (*применливо само кај Договорот за кредит со залог за возило и Договорот за наменски кредит со залог на возило).
По добивањето на Барањето ФД „Иуте Кредит Македонија“ ја проценува кредитоспособноста на Корисникот на кредитот врз основа на постоечки информации, вклучувајќи информации, добиени од Корисникот на кредитот, притоа врши увид во Македонско Кредитно Биро или во друга база на податоци, до која има легално добиен пристап. Во случај, како резултат на извршената проценка ФД „Иуте Кредит Македонија“ да одбие да го додели Кредитот, ФД „Иуте Кредит Македонија“ веднаш и бесплатно го известува Корисникот на кредитот за резултатот од проверката и за информациите за Корисникот на кредитот, содржани во регистарот, со исклучок кога давањето на соодветните информации е забрането или спротивно на важечкото законодавство, на регулативата на Европската унија или на јавниот ред и безбедност. Со доставување на Барањето, Корисникот на кредитот ја дава својата согласност на ФД „Иуте Кредит Македонија“ да врши увид во Македонско Кредитно Биро и други јавни регистри.
Како дел од проверката на кредитоспособноста на Корисникот на кредитот ФД „Иуте Кредит Македонија“ по своја проценка може да одржи преку свој претставник, интервју со Корисникот на кредитот, во текот на кое, да бара и добива и дополнителни податоци или дополнителни документи, вклучувајќи копија на лична карта (или пасош) испратена преку електронска пошта или преку факс.
За целите на давање на Кредит, согласно овие ОУ, Корисникот на кредитот изјавува, дека на датумот на поднесувањето на Барањето:
Во случај, ако при пополнување на Барањето Корисникот на кредитот обезбеди неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, ФД „Иуте Кредит Македонија“ има право или да го одбие склучувањето на Договорот или Договорот со обезбедување и/или давањето на кредитот, или да го раскине Договорот или Договорот со обезбедување (ако таков е склучен), без претходна најава и да побара предвремено враќање на кредитот, заедно со сите такси, трошоци и пресметани камати или такви, кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот или Договорот со обезбедување. Кредитот се прогласува за предвремено наплатив по тој основ со еднострана изјава на ФД „Иуте Кредит Македонија“, кое може да биде упатено и преку наведениот од Корисникот на кредитот во Барањето телефонски број (преку SMS), лично или преку електронската пошта.
Во случај, ако ФД „Иуте Кредит Македонија“ го одобри Барањето, Корисникот на кредитот ќе биде известен за тоа на e-mail и/или телефонски број (преку SMS или со повик) или лично во канцеларијата.
Рокот за одобрување на Барањето е 72 (седумдесет и два) часа од поднесувањето на Барањето. Ако Барањето не биде одобрено до истекот на рокот од претходната реченица, Договорот или Договорот со обезбедување не предизвикува правно дејствие меѓу ФД „Иуте Кредит Македонија“ и Корисникот.
Корисникот во овој рок треба да достави на ФД „Иуте Кредит Македонија“: Потврда за висина на месечни примања; Потврда од УЈП за платени даноци и придонеси; Банкарски извештај за последните шест месеци;
ФД „Иуте Кредит Македонија“ има право, без образложение, да го одбие Барањето, со испраќање на писмено известување до Корисникот на кредитот, вклучително и преку електронска пошта, преку SMS на наведениот телефонски број, или преку одбивање со молчење. Како одбивање на Барањето со молчење ќе се сметаат случаите, во кои ФД „Иуте Кредит Македонија“ не испратило известување за одобрување на кредитот до Корисникот на кредитот во роковите предвидени за разгледување на барањето.
Договорот за кредит се склучува на начин, предвиден во овие ОУ и со придржување кон одредбите согласно Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, Законот за давање на финансиски услуги на далечина како и останатите важечки законски и подзаконски прописи во Република Македонија.
Договорот се смета за потпишан, склучен и стапува во сила од моментот кога Корисникот ќе го воведе SMS – кодот за идентификација на претходно по електронска пошта добиениот линк за потврда и потпишување на документите и ќе ја даде командата „Потпиши”. Договорот се смета за потпишан, склучен и стапува во сила од моментот кога Корисникот лично во канцеларија на ФД „Иуте Кредит Македонија“ или во просториите на кредитниот посредник – трговец ќе го потпише Договорот и прилозите кон Договорот и ќе биде информиран за сите права и обврски кои произлегуваат од истиот.
Договорот со обезбедување, се смета за потпишан и склучен од моментот кога Корисникот ќе го воведе SMS – кодот за идентификација на претходно по електронска пошта добиениот линк за потврда и потпишување на документите и ќе ја даде командата „Потпиши”. Договорот со обезбедување се смета за потпишан и склучен од моментот кога Корисникот лично во канцеларија на ФД „Иуте Кредит Македонија“ или во просториите на кредитниот посредник – трговец ќе го потпише Договорот со обезбедување и прилозите кон Договорот со обезбедување и ќе биде информиран за сите права и обврски кои произлегуваат од истиот. Договорот со обезбедување стапува на сила откако Корисникот ќе потпише Договор за залог на возило со Давателот на кредитот и залогот биде запишан во Централниот Регистар на Република Македонија.
Секој паричен износ, одобрен и исплатен од ФД „Иуте Кредит Македонија“ на Корисникот на кредитот претставува Кредит, даден од ФД „Иуте Кредит Македонија“ под условите на Договорот и Договорот со обезбедување и на овие ОУ.
ФД „Иуте Кредит Македонија“ го реализира паричниот износ на одобрениот кредит преку трансфер на трансакциската сметка наведена од Корисникот на кредитот. Корисникот на кредитот е одговорен за точното наведување на трансакциската сметка, на која сака да биде добиен износот.
Во случај на целосна или делумна предвремена отплата на кредитот, Корисникот на кредитот е обврзан да ја плати неотплатената главнина на Кредитот, заедно со сите пресметани камати или тие кои ќе бидат пресметани а кои не се платени до датумот на предвремената отплата.
Корисникот на кредитот го отплаќа кредитот на трансакциската сметка на ФД „Иуте Кредит Македонија“, или преку други начини наведени на веб страната на Давателот на кредит. Сите плаќања по банкарски пат се сметаат за извршени од моментот на уплатата на трансакциската сметка на ФД „Иуте Кредит Македонија“. Во случај, ако ФД „Иуте Кредит Македонија“ утврди, дека е извршено плаќање, кое е невозможно да биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно до моментот на неговата идентификација и Корисникот на кредитот ги носи сите последици од задоцнето плаќање.
Во случај, ако Корисникот на кредитот плати сума во износ, кој не е доволен, за да ги отплати сите достасани до моментот суми, со платената сума се отплаќаат прво трошоците, извршени од ФД „Иуте Кредит Македонија“ во врска со неисполнување на обврската на Корисникот на кредитот за отплата на кредитот (трошоци за судска и вонсудска наплата на обврските, трошоци за писма за потсетување, испраќање на пораки и др. слични), на второ место пресметаната законска камата за задоцнето плаќање или казни за доцнење во случај ако тие се договорени, на трето место редовната или договорената камата и на четврто место главнината на кредитот.
Во случај кога Корисникот на кредит користи кредит преку Кредитен посредник- Трговец, ФД „Иуте Кредит Македонија“ износот на кредитот го префрла директно на сметка на Кредитниот посредник а сите понатамошни обврски кои произлегуваат од Договорот или Договорот со обезбедување ги наплатува од Корисникот на кредит. ФД „Иуте Кредит Македонија“ нема одговорност доколку кредитниот посредник е во постапка на ликвидација, стечај или друга причина која може да го попречи трансферот на кредитот на Корисникот на кредит.
Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот или Договорот со обезбедување се вршат:
преку кредитните референти на Давателот на кредит, во текот на лична средба со Корисникот на кредит; преку препорачана пошта; преку телефон или СМС порака; преку е-маил;
Адресата на Давателот на кредит за сите дописи е ул. 1732 бр.4 Комплекс Park Residence ЛамелаА – лево, Сутерен, ДП бр. 1, 1000 Скопје.
Во согласност со член 10, став 2, точка 9 од Македонскиот закон за потрошувачки кредити, Корисникот на кредит има право, во текот на важноста на Договорот, на негово барање да добива амортизационен план за тековниот Кредит.
Информации за различните Кредитни производи, како комбинација на специфични услови, износи на кредитите и други услови, може да се добијат во деловните просториите или на веб страната на ФД „Иуте Кредит Македонија“.
ФД „Иуте Кредит Македонија“ има право во секој момент да ги менува условите за одреден Кредитен производ, вклучувајќи да додава или отстранува дадени специфични услови, кои се применуваат за соодветниот кредитен производ, без тоа да влијае врз веќе склучените Договори.
При промена на услов за кредитните производи, за реализираниот Кредит под условите на овој Кредитен производ ќе се применуваат условите, важечки на датумот на одобрување на кредитот.
Доколку не е поинаку договорено во Договорот за кредит или Договорот со обезбедување, крајниот рок за отплата на реализираниот Кредит е рокот, наведен во Договорот или Договорот со обезбедување, освен кога рокот на Договорот или Договорот со обезбедување е продолжен преку нов Револвинг-период за кредитните производи, за кои тоа е применливо.
ФД „Иуте Кредит Македонија“ има право на камата, чиј износ се утврдува во Договорот или Договорот со обезбедување.
ФД „Иуте Кредит Македонија“ има право, со посебна одлука, да дава пониски каматни стапки при организирање на промоции.
Годишната стапка на вкупните трошоците за кредитот е утврдена во Договорот или Договорот со обезбедување, неговиот износ е пресметан на следниот начин и според законските одредби:
Годишната стапка на вкупните трошоци се пресметува според методологија пропишана од Советот на Народната банка на Република Македонија
За целите на пресметување на годишната стапка на вкупните трошоци, вкупните трошоци на кредитот за потрошувачот треба да бидат определени, со исклучок на трошоците што ги плаќа потрошувачот за непочитување на обврските од договорот за кредит или Договорот со обезбедување и други трошоци кои е должен да ги плати без разлика дали трансакцијата се врши во готово или на кредит, освен куповната цена за набавка на стоки или услуги.
За потребите на пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека договорот за потрошувачки кредит или Договорот со обезбедување е полноважен и дека кредиторот и потрошувачот ги исполнуваат своите права и обврски од договорот на договорениот начин и во договореното време.
Во случај договорот за потрошувачки кредит или Договорот со обезбедување да содржи одредби со кои се предвидува можност за промена на каматната стапка, провизиите и другите надоместоци, при пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се смета дека до исполнување на договорот каматите и другите трошоци кои влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци се непроменети.
ФД „Иуте Кредит Македонија“ се обврзува:
Да му даде на Корисникот на кредитот преддоговорна и договорна информација за саканиот Кредит во согласност со важечкото законодавство
Да му го исплати Кредитот на Корисникот на кредитот во согласност со договорениот износ, рокови и услови, во рок од 24 (дваесет и четири) часа од запишување на залогот во Централниот регистар на Република Македонија или најрано во текот на првиот работен ден по одобрувањето на кредитот. Износот кој ќе биде исплатен на Корисникот на кредитот е како што следи:
(*применливо само кај Договорот за наменски кредит со залог на возило);
Да ги евидентира навремено и точно исплатените рати за отплата на Кредитот од страна на Корисникот на кредитот;
На барање од страна на Корисникот на кредитот, при отплата на главнината на Кредитот, да му даде целосна и точна информација за извршените и евидентирани плаќања до моментот на барањето;
Да му ги даде на Корисникот на кредитот сите потребни документи, кои се однесуваат на опслужувањето на кредитот, пополнети точно и коректно; Да врши и други обврски, предвидени со важечкото законодавство.
Да бара целосно исполнување на сите обврски на Корисникот на кредитот согласно Договорот и Договорот со обезбедување и овие Општи услови;
Да биде известен веднаш од Корисникот на кредитот при настанување на околности, кои би предизвикале доцнење со исплата или влошување на целокупната финансиска состојба на Корисникот на кредит
Да ги бара од Корисникот на кредит потребните документи, односно копии од документи за доделување на кредит, вршење на проценка на кредитоспособноста, како и евидентирање на информациите за опслужувањето на кредитот;
Во секое време да ги префрли своите права од Договорот или Договорот со обезбедување на трето лице, вклучувајќи да го даде во залог побарувањето во корист на трето лице, согласно без да се бара согласност од Корисникот на кредит за тоа. Во овој случај Корисникот на кредитот ќе биде известен за настанатите промени односно носителот на побарувањето, со испраќање на писмено известување на наведената електронска пошта во Барањето и Договорот за Кредит или Договорот со обезбедување, телефонски илилично. ФД „Иуте Кредит Македонија“ нема обврска да го извести Корисникот на кредит за преносот, во случај, ако согласно договорот меѓу ФД „Иуте Кредит Македонија“ и третото лице, ФД „Иуте Кредит Македонија“ ќе продолжи да го администрира кредитот на Корисникот на кредитот;
Да води, вклучувајќи преку трети лица, секаква кореспонденција со Корисникот на кредитот, да спроведува телефонски повици со Корисникот на кредитот, да му испраќа електронски пораки, писма и налепници, во случај ако последниот не исполни некоја од обврските од Договорот или Договорот со обезбедување, и на тој начин го известува за неговото доцнење;
Во случај на задоцнување со плаќањето на достасана рата за отплата од страна на Корисникот на кредитот, како и во случај на делумно плаќање на рата за отплата, да ги преземе сите потребни дејствија за вонсудска и /или судска наплата на своите побарувања, а трошоците за тоа ќе бидат на товар на Корисникот на кредит;
Договорот или Договорот со обезбедување се склучува за девизен курс 61.50 МКД за едно евро (ЕУР). Во случај на законска промена, каде ќе настанат промени во сооднос МКД / ЕУР (одлучувачки е просечниот девизен курс, прогласен од НБРМ) со повеќе од 5 %, износот на неплатените рати за отплата се менува автоматски. Како резултат на тоа СВТ според условот на Договорот или Договорот со обезбедување ќе се промени, за што ФД „Иуте Кредит Македонија“ треба во писмена форма по пошта или електронска пошта да го извести Корисникот на кредит во рок од 10 (десет) работни дена од измената.
Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 5 % девалвација на средниот курс на еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на Народната Банка на Република Македонија (во понатамошниот текст НБРМ) или 5 % депрецијација на средниот курс на еврото во денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/ МКД објавен од страна на НБРМ на нејзината веб страна, ФД „Иуте Кредит Македонија“ го задржува правото да ја коригира главницата на одобрените и исплатени а недостасани Кредитни производи како и главницата и сите трошоци кои се достасани а ненаплатени од страна на ФД „Иуте Кредит Македонија“ преку зголемување за 5 %.
Корисникот на кредитот се обврзува:
Корисникот на кредитот има право:
Доколку Корисникот на кредит не плати доспеан износ според овој Договор, Давателот на кредит ќе ги има правата, како што е предвидено во следните точки од овој член.
Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот и овие Општи услови, во случај на доцнење над 90 дена со плаќањето на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да покрене постапка пред надлежен суд за спроведување на своите побарувања во однос на Корисникот на кредит. Во случај на доцнење над 90 дена со плаќање на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да преземе дејствија за наплата на своите побарувања.
Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот со обезбедување и овие Општи услови, во случај на доцнење над 90 дена со плаќањето на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да покрене постапка пред надлежен извршител за спроведување на своите побарувања во однос на Корисникот на кредит, со реализација на залогот согласно Законот за договорен залог. Во случај на доцнење над 90 дена со плаќање на некој доспеан износ, Давателот на кредит има право да преземе дејствија за наплата на своите побарувања.
Според Законот за Кредитно биро (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 81/2008, со сите негови измени), Давателот на кредит има право да достави информациите за обврските на Корисникот на кредит до Кредитното биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на член 9, 10 и 14 од Законот за Кредитно биро.
Покрај сите други права на Давателот на кредит според Договорот или Договорот со обезбедување и овие Општи услови, Страните се договорија дека во случај на доцнење со плаќањето на Давателот на кредит на најмалку два ануитета, како што е наведено во амортизациониот план кој претставува составен дел на Договорот за кредит, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот или Договорот со обезбедување во рок од 14 дена по доставување на известување доставено по пошта на адресата на Корисникот на кредит.
Корисникот на кредит може да поднесе приговор со допис на адресата на ФД „Иуте Кредит Македонија“наведена погоре.
На приговорите ќе биде одговорено во најкраток можен рок и Давателот на кредит ќе настојува (но не може да гарантира) да одговори во рок од 30 работни дена.
Доколку по добиениот одговор, Корисникот на кредит не е задоволен од истиот, тој/таа може да се жали на одлуката, во писмена форма, повторно до Давателот на кредит, наведувајќи ги своите аргументи и давајќи нови информации кои треба да се разгледаат.
Корисникот на кредит дава своја согласност дека неговите/нејзините лични податоци може да бидат пренесени на агенција за наплата на побарувања.
Правата и обврските на Корисникот на кредит според Договорот или Договорот со обезбедување не може да се пренесат без претходна писмена согласност на Давателот на кредит. Правата и обврските на Давателот на кредит според Договорот или Договорот со обезбедување може да се пренесат на трето лице, за што Давателот на кредитот ќе го извести Корисникот на кредитот.
Освен правото на раскинување, како што е предвидено во овие Општи услови, Давателот на кредит има право да го раскине Договорот или Договорот со обезбедување без период на раскинување со препорачано писмо испратено на адреса на Корисникот на кредит, само доколку Корисникот на кредит, за да го добие Кредитот, доставил лажни документи или изјави и/или Корисникот на кредит има право да го раскине Договор без период на раскинување, со препорачано писмо испратено на адреса на Давателот на кредит, само ако Давателот на кредит (преку застапникот) не ја исполни својата обврска да прима ануитети според амортизациониот план кој е составен дел на Договорот за кредит или Договорот со обезбедување.
Во случај на раскинување според овие Општи услови, Кредитот заедно со сите провизии и акумулираната камата до датумот на реалното враќање веднаш доспева за плаќање. Крајниот износ кој треба да го плати Корисникот на кредит како резултат на раскинување од страна на Давателот на кредит од овие Општи услови ќе биде наведен од страна на Давателот на кредит во известувањето за раскинување.
Во случај повлекување од договорот во рок од 14 дена, Корисникот на кредит ќе биде ослободен од сите провизии и во тој случај Давателот на кредит е обврзан, во рок од 30 дена под датумот на раскинување, да го врати на Корисникот на кредит износот на сите провизии што ги платил. Во случај ако не се можни исплати по раскинувањето преку застапникот, Корисникот на кредит ќе ги врши исплатите на банкарската сметка на Давателот на кредит. Износите кои остануваат да се платат со датуми на плаќање (датумите ќе бидат исти како што се оригинално дадени во Договорот) од страна на Корисникот ќе бидат пропишани од страна на Давателот на кредит во известување за порамнување испратено до Корисникот на кредит со препорачано писмо во рок од 10 дена по датумот на раскинувањето.
ФД „Иуте Кредит Македонија“ нема да биде одговорен пред Корисникот на кредитот за секое доцнење или пропуст за извршување на обврската од овие Општи услови, кои се должат на виша сила (како што е дефинирано во подолу).
“Виша сила” ќе значи секој непредвидлив случај, кој не може да се спречи настанат по потпишувањето на Договорот за кредит помеѓу ФД „Иуте Кредит Македонија“ и соодветниот Корисник на кредит и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од ФД „Иуте Кредит Македонија“ според Договорот и / или овие ОУ, вклучувајќи, но без да се ограничени: техничка неисправност во софтвер или хардвер системите, кои се користат од ФД „Иуте Кредит Македонија“, законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго.
При настанување на Виша сила за ФД „Иуте Кредит Македонија“, ФД „Иуте Кредит Македонија“ ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести соодветниот Корисник на кредит во рок од една недела од денот на настанување на виша сила.
Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос на ФД „Иуте Кредит Македонија“, така и во однос на Корисникот на кредитот.
Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки или неисправни, останатите одредби остануваат во сила. Договорот или Договорот со обезбедување или овие Општи услови може да се изменат и дополнат само со претходна взаемна писмена согласност на двете Страни.
Одредбите од македонските закони се применуваат на Договорот или Договорот со обезбедување и неговите прилози, особено Законот за облигациони односи, Законот за потрошувачки кредити, Законот за договорен залог и други општо обврзувачки одредби од македонското законодавство.
Со потпишување на овие Општи услови, писмено или во електронска форма, Корисникот на кредит потврдува дека истите ги прочитал и разбрал во целост.
Договорот или Договорот со обезбедување и овие Општи услови се потпишани во два идентични примероци, еден за Корисникот на кредит и еден за Давателот на кредит.