ОПШТИ УСЛОВИ НА ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ

Применливи од 01.02.2024 година

1. ВОВЕД
1.1. Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје, со регистрирано седиште на ул.1732 бр.4, Ламела А/ДП бр.1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со ЕМБС 7221290 и ЕДБ 4080017567436, email: , тел: +3892 3149 999 (во понатамошниот текст: Давател на кредит“) е финансиско друштво лиценцирано од Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
1.2. Овие Општи услови, Тарифата и начелата на обработка на личните податоци на клиентите, како што е опишано во Политиката за приватност, претставуваат составен дел од и се применуваат на секој и сите договори склучени помеѓу Давателот на кредит и Клиентот и се достапни на сите заинтересирани лица во деловните простории на Давателот на кредит и на веб страната на Давателот на кредит.
1.3. Давателот на кредит има право еднострано да ги менува овие Општи услови, Тарифата и Политиката за приватност, за што ќе ги информира клиентите најмалку 10 (десет) календарски денови пред примена на измените.
1.3.1. Во случај Клиентот да не се согласи со измената(ите), има право да го раскине Договорот со доставување на писмено известување до Давателот на кредит или на друг договорен начин на комуникација, во рокот од точка 1.3. и со исполнување на сите обврски кои произлегуваат од Договорот(ите).
1.4. Во случај Клиентот да не го искористи правото од точка 1.3.1. за раскинување на Договорот(ите), ќе се смета дека ги прифаќа измените и со тоа нема да има побарувања од Давателот на кредит во однос на измените на Општите услови, Политиката за приватност или Тарифата.
1.5. Рокот за известување од точка 1.3. нема да се применува во случаите кога измената(ите) се во корист на Клиентот (на пр. Намалување на провизии или трошоци) или кога се воведуваат нови производи или услуги.
1.6. Важечките закони на Република Северна Македонија се применуваат на овие Општи услови и секој и сите договори склучени врз основа на овие Општи услови.
1.7. Клиентот може во секој момент да побара примерок од важечките Општи услови во деловните простории на Давателот на кредит или да ги најдат на Веб страната на Давателот на кредит.

2. ДЕФИНИЦИИ
За целите на овие Општи услови, следните поими, кога употребени низ овие Општи услови со голема буква, ќе го имаат следното значење:
2.1. Договор – обврзувачки договор помеѓу Страните согласно кој Давателот на кредит прифатил да ја разгледа можноста за одобрување на потрошувачки кредит(и) на Клиентот. Се состои од: Општите услови на Давателот на кредит, Рамковниот договор за потрошувачки кредит, Поединечен Договор за Кредит, Тарифата, Политиката за приватност, како и сите останати договори или измени на договорите склучени помеѓу Страните (вклучувајќи ги сите измени и прилози).
2.2. Потрошувачки кредит – Кредит одобрен на Клиентот
2.3. Личен Кредитен Лимит (ЛКЛ) – максимален износ за кој Клиентот може да аплицира кај Давателот на кредит.
2.4. Корисничка Сметка – сметка, отворена за клиентот врз основа на Рамковниот договор.
2.5. Дополнителни провизии – Сите дрги провизии кои не се вклучени во Договорот за кредит или обезбедениот договор за кредит и кои Давателот на кредит ги наплатува дополнително. Дополнителните услуги се наведени во Тарифата која е достапна на Веб страната на Давателот на кредит.
2.6. Применливи закони – Закон за облигациони односи; Закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити; Закон за договорен залог; Закон за податоците во електронски облик и електронски потпис; Закон за давање на финансиски услуги на далечина како и други применливи закони и подзаконски акти кој ја регулираат оваа материја
2.7. Апликација – Апликација за одобрување на Кредит кое Клиентот го доставува во писмена или електронска или усна форма до Давателот на кредит
2.8. СВТ – Годишната стапка на вкупните трошоците согласно Законот за заштита на потрошувачите при одобрување на потрошувачки кредити која се пресметува согласно Одлука за методологијата за пресметување на годишната стапка на вкупни трошоци донесена од Народната банка на Република Северна Македонија (“НБРСМ“). За појаснување, сите Дополнителни провизии не влегуваат во пресметката на СВТ.
2.9. Оцена на кредитна способност – Процес на проценка на кредитната способност на Корисникот на кредит и проверка на можноста за враќање на Кредитот.
2.10. ATM – машина за повлекување на готовина, која е во исклучива сопственост на Давателот на кредит.
2.11. Деловни простории – Секој деловен простор, користен од Давателот на кредит, во кој Корисникот на кредит може да изврши една или повеќе од следниве активности: да добие информација и/или консултација за условите за аплицирање, добивање и користење на кредит; да аплицира за кредит; да склучи Договор за кредит; да изврши други активности согласно овие Општи услови за кои експлицитно е наведено дека можат да бидат извршени во соодветната деловна просторија. Локацијата, работното време и соодветната организација, која управува со Деловните простории, се наведени на Веб страната на Давателот на кредит.
2.12. Кредитно биро – Македонско кредитно биро АД Скопје, кое работи врз основа на Законот за кредитно биро.
2.13. Кредитен посредник – лице овластено од Давателот на кредит за склучување на договори за кредит во негово име и за негова сметка.
2.14. Електронски потпис – потпис на Страните употребувајќи мобилни уреди и еднаков на своерачен потпис.
2.15. Провизии – Сите провизии кои ги наплаќа Давателот на кредит во врска со Кредитот согласно Потрошувачкиот кредит или обезбедениот договор за кредит
2.16. Општи услови – овие Општи услови.
2.17. Камата – Износ кој треба да се плати на Давателот на кредит како надомест за користење на средствата дадени од страна на Давателот на кредит.
2.18. Закон за заштита на личните податоци – Законот за заштита на личните податоци (Службен весник бр. 42/2020), вклучително и сите измени и дополнувања.
2.19. Кредит – Износот на кредитот како што е дефинирано во Договорот за кредит
2.20. Договор за кредит – Договор за потрошувачки кредит со сите прилози кон истиот како и Договор за кредит со обезбедување со сите прилози кон истите.
2.21. Клиент – физичко лице кое поднесува Апликација за одобрување на кредит до Давателот на кредит или има склучено Договор за кредит со Давателот на кредит.
2.22. МКД – Македонски денар. Кредитите кои се одобруваат согласно овие Општи услови и договорите за кредит, се одобруваат и исплаќаат од страна на Давателот на кредит во македонски денари и се отплаќаат од страна на Корисникот на кредитот во МКД.
2.23. MyIute – онлајн апликација која овозможува на клиентите алатка за аплицирање за кредити, увид во состојбата на кредитите преку комбиниран преглед како и им помага на клиентите во редовна отплата на кредитите.
2.24. Страни – како што е наведено во Договор за кредит
2.25. Договор за залог – Договор со својство на извршна исправа за залог, во случај на склучување на Договор за кредит со залог или договор за наменски кредит со залог, со сите прилози кон истите.
2.26. Датум на отплата – Датумот на кој Корисникот на кредит е обврзан да го врати Кредитот заедно со сите Провизии
2.27. Надомест за суспензија – Износ на надомест кој Корисникот на кредит треба да го плати доколку сака времено да го одложи датумот на отплата на месечната рата. Висината на надоместот за суспензија се утвдува со Тарифата на Давателот на кредит. Ова право корисникот може да го искористи еднаш за секоја месечна рата.
2.28. Тарифа – Ценовник за услугите кај Давателот на кредит која се објавува во Деловните простории и на Веб страната на Давателот на кредит.
2.29. Рок – Сите рокови за целите на овие Општи Услови, барањата за одобрување на кредитите и склучените договори, пришто истите се пресметуваат користејќи календарска година со траење од 365 дена.
2.30. Веб страна – веб страната на Давателот на кредит, www.iutecredit.mk

3. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР
3.1. Давателот на кредит има право да одлучи со кого ќе склучи договор, односно воспостави деловен однос.
3.2. Давателот на кредит може д аодобри склучување на Договор, доколку се исполнети следните услови:
3.2.1. Клиентот е физичко лице и државјанин на Република Северна Македонија, со навршени најмалку 18 години и има деловна способност за склучување на договор;
3.2.2. Идентитетот на Клиентот е уредно верификуван;
3.2.3. Клиентот има редовни приходи и може да си го дозволи Кредитот, а од Клиентот може да биде побарано да поднесе доказ за приходите;
3.2.4. Клиентот побарал Потрошувачки кредит од Давателот на кредит и истиот е одобрен;
3.2.5. Клиентот го прифатил и потпишал Рамковниот Договор;
3.2.6. Клиентот го прифаќа и потпише Поединечниот договор за кредит и неговите прилози и/или било кој друг договор кој би можел да биде потребен (на пр. Договор за залог и сл.);
3.2.6.1. Во случај на Договор за залог, во моментот кога залогот е запишан во Заложниот регистар при Централниот регистар на Република Северна Македонија (применливо за обзбедените договори за кредит и наменските обезбедени договори за кредит).
3.3. Oдобрувањето на Кредитот зависи од Оценката на кредитниот ризик (во понатамошниот текст: Оценката). Давателот на кредит, исто така, може да одбие да одобри Кредит врз основа на информациите содржани во неговата база на податоци. Во случај на одбивање на одобрување кредит заради негативната Оценка врз основа на податоци надворешни бази на податоци, Давателот на кредит ќе го извести Клиентот за причината за одбивање.
3.4. Давателот на кредит нема да склучи договори со лица кои не се државјани на Македонија и со клиенти кои нема да ги достават податоците/документите побарани од Давателот на кредит за целите на идентификување и верификување на идентитетот и/или заради оценката на нивната кредитна способност, се во согласност со барањата на Давателот на кредит и доколку врз основа на барање од Давателот на кредит не достави доволно податоци или документи за потеклото на имот или во случај на соменвање за перење пари или финансирање тероризам.
3.5. Давателот на кредит нема да склучи договори со клиенти кои причиниле директна или индиректна штета на Давателот на кредит или претставуваат закана или предизвикале штета на угледот на Давателот на кредит или Клиентот има обврски спрема други кредитори или кредитни институции.

4. ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА ЗА КРЕДИТ
4.1. Клиентот лично аплицира за кредит, со поднесување на Апликација до Давателот на кредит. Поднесувањето на Апликација е можно преку Веб страната на Давателот на кредит, телефонски, мобилна апликација (MyIute), во Деловните Простории на Давателот на кредит или преку Кредитен посредник или преку било кој друг канал овозможен од Давателот на кредит.
4.1.1. Заради поднесување на барање за Кредит преку некои електронски канали, на Клиентот може да му биде побарано да му одобри на Давателот на кредит пристап до неговата/нејзината камера и микрофон на телефонскиот уред. За таа цел, Клиентот би можело да треба да биде приклучен на интернет и да има соодветен хардвер и софтвер, а можеби и ќе е потребно телефонскиот уред на Клиентот да поддржува отпечаток од прст и/или препознавање на лик.
4.2. Во Апликацијата, Клиентот ги наведува своите лични податоци, емаил адреса, телефонски број итн., како и бараниот износ на кредит и рок на отплата.
4.3. Давателот на кредит нема да биде одговорен за било какви грешки при поднесување на податоците од страна на Клиентот, а сите последици кои би можеле да произлезат од таквите грешки, ќе ги сноси Клиентот.
4.4. Со поднесување на Апликацијата, Клиентот мора да даде согласност на Давателот на кредит за добивање извештај или извештаи од Македонско Кредитно Биро АД Скопје (МКБ). Клиентот е согласен дека дадената согласност за добивање извештај од МКБ ќе се однесува на секое и сите барања поднесени од Клиентот до Давателот на кредит во рамки на важноста на Рамковниот Договор, изменет од време на време и во согласност со начинот и процедурата за користење на податоците од МКБ.
4.5. Пред одобрување на Кредитот, Клиентот мора да изјави дали е носител на јавна функција (во понатамошниот текст: НЈФ).
4.6. Пред потпишување на Договорот, Давателот на кредит му ја доставува на Клиентот преддоговорната документација за побараниот Кредит и условите на Кредитот.

5. ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА КЛИЕНТОТ И НАЧЕЛАТА НА ЗАПОЗНАЈ ГО СВОЈОТ КЛИЕНТ
5.1. Клиентот или во исклучителни ситуации неговиот застапник, ги поднесува податоците и документите побарани од Давателот на кредит за целите на идентификување на Клиентот.
5.1.1. Клиентот се идентификува врз основа на документ за идентификација во согласност со закон и прифатлив за Давателот на кредит (пр. лична карта или патна исправа).
5.2. Клиентот или неговиот застапник може да бидат идентификувани преку средства за комуникација прифатливи за Давателот на кредит или со средства за електронска идентификација.
5.3. Давателот на кредит ќе смета дека приложените документи од страна на Клиентот се автентични, важечки и точни.
5.4. Давателот на кредит ќе направи копија од документите поднесени од Клиентот и истите ќе ги чува, физички или електронски, во согласност со закон и Политиката за приватност.
5.5. Давателот на кредит применува домашни и меѓународни мерки за спречување перење пари, и финансирање тероризам. Оттука, Давателот на кредит има право да побара податоци за финансиските активности на Клиентот, како и потеклото на имот на Клиентот. Врз основа на ова, Давателот на кредит има право:
5.5.1. за времетраење на деловниот однос, на редовна основа да ги ажурира податоците на Клиентот или неговиот застапник и за таа цел да побара и добие дополнителни документи и податоци од Клиентот (вклучувајќи податоци за државјанство, платени даноци, престојувалиште).
5.5.2. на редовна основа или по сопствена проценка да побара информации и докази за активностите на Клиентот, вклучувајќи ги целта на трансакциите со Давателот на кредит, како и потеклото на средства на Клиентот во трансакциите на Клиентот;
5.5.3. да ги следи и оценува услугите кои Клиентот ги користи од Давателот на кредит.
5.6. При примена на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам, Давателот на кредит ќе применува пристап базиран на ризик и врз основа на тоа спроведува соодветни мерки започнувајќи од природата на трансакциите, како и проценка на ризикот дека Клиентот или друго поврзано со него лице би можело да биде вклучено во процесот на перење пари или финансирање тероризам.

6. ОЦЕНКА НА КРЕДИТОСПОСОБНОСТА
6.1. Давателот на кредит ја оценува кредитоспобноста на Клиентот врз основа на расположливи информации, вклучувајќи информации добиени од Клиентот и по своја проценка, и доколку потребно, врз основа на податоци од надворешни бази на податоци, релевантни за оценката на кредитната способност и до кои Давателот на кредит има овластен пристап. Во случај Давателот на кредит да го одбие барањето за Кредит врз основа на податоци надворешни бази на податоци, Давателот на кредит ќе го извести Клиентот за причината за одбивање.
6.2. Клиентот е обврзан да му достави на Давателот на кредит примероци од документите потребни за Оценката, и како што е побарано од Давателот на кредит, како на пример:
6.2.1. потврда за вработување; и/или
6.2.2. примерок од извод од трансакциска сметка; и/или
6.2.3. документ за пензија, во случај на клиент пензионер итн.
6.3. Во случај на Апликација за обезбеден кредит, Клиентот е обврзан да му достави на Давателот на кредитот валиден документ за предметот на залог, а заради обезбедување на Кредитот.
6.4. Како дел од Оценката, Давателот на кредит, по сопствена процена, може, преку своите вработени, да спроведе разговор со Клиентот, за време на кој може да побара да добие дополнителни информации или дополнителни документи. Сите такви разговори се снимаат и чуваат во согласност со Политиката за приватност и се дел од досието на Клиентот.
6.5. За целите на одобрување на Кредит, во согласност со овие Општи услови, Клиентот изјавува дека на денот на поднесување на барањето:
6.5.1. Нема обврски како гарант, ниту неисполнети обврски кон државата, финансиските институции, кон сегашниот и претходниот работодавач, кон физичко или правно лице, или обврски кои треба да бидат исплатени пред доспевање на Кредитот за кој аплицира, освен оние, за кои при склучување на Договорот за кредит го известил Давателот на кредит;
6.5.2. против него нема поднесено нотарски платен налог или тужба и не му се познати објективно оправдани причини, кои може да доведат до тоа;
6.5.3. не се наоѓа во состојба на неликвидност, не учествува во договори чие изведување би било во спротивност со исполнувањето на обврските од Договорот;
6.5.4. сите доставени информации во Апликацијата се целосни и точни.
6.6. Доколку при пополнување на Апликацијата, Клиентот достави неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, Давателот на кредит има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или дaвањето на Кредитот, или да го раскине Договорот (ако таков е склучен) и било кој друг договорен однос со Клиентот, без претходна најава и да побара предвремено враќање на Кредитот, заедно со сите надоместоци, трошоци и пресметани камати или такви кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот. Кредитот се прогласува за предвремено наплатив со еднострана изјава на Давателот на кредит, која може да биде упатена и преку телефонскиот број (преку СМС) наведен од Клиентот во Апликацијата, лично или преку електронската пошта.
6.7. Во случај Давателот на кредит да ја одобри Апликацијата, Клиентот ќе биде известен за истото преку e-mail и/или телефонски (преку СМС или повик), лично во Деловните простории или деловните простории на Кредитниот посредник или преку MyIute.
6.7.1. Давателот на кредит има право да му понуди на Клиентот услови за склучување на договор поинакви од побараните, вклучувајќи и пократок период за отплата или понизок износ на кредит. Доколку Клиентот ја прифати понудата со потпишување на Договорот, Давателот на кредит нема да побара од Клиентот да поднесе нова Апликација.
6.8. Рокот за одобрување на Апликацијата е 72 (седумдесет и два) часа од поднесувањето на истата. Доколку Апликацијата не биде одобрена до истекот на овој рок, ќе се смета дека истата не е одобрена.
6.9. Давателот на кредит има право, без образложение, да ја одбие Апликацијата, со испраќање на писмено известување до Корисникот на кредитот, вклучително и преку електронска пошта, преку СМС на наведениот телефонски број, преку MyIute или преку одбивање со молчење. Како одбивање на Апликацијата со молчење ќе се сметаат случаите, во кои Давателот на кредит не испратил известување за одобрување на кредитот до Корисникот на кредитот во роковите предвидени за разгледување на Апликацијата.
6.10. Клиентот се задолжува спрема Давателот на кредит со еднократен надоместок за обработка на апликцаија (во понатамошниот текст: Провизија). Провизијата доспева за плаќање на денот на потпишување на Поединечниот Договор за Кредит, а се отплаќа од Клиентот во рамки на месечните рати во согласност со Амортизациониот план, составен дел од Поединечниот Договор за Кредит. Износот на Провизијата е наведен во Поединечниот Договор за Кредит. Заради избегнување на било какво недоразбирање, Провизијата доспева за плаќање во целост и во случај на предвремено враќање на Кредитот или раскинување на Договорот од било која причина.

 

7. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
7.1. Договорот се склучува на начин предвиден во овие Општи услови и согласно одредбите од Применливите закони.
7.2. Секој Клиент е должен да склучи Рамковен Договор со Давателот на кредит.
7.3. Договорот се смета за склучен и влегува во сила од моментот кога Клиентот ќе го потпиште Договорот, своерачно или електронски.
7.4. Договорот и било кое Барање може да биде потпишан своерачно во деловните простории или во деловните простории на Кредитниот посредник. Електронското потпишување може да се одвива во MyIute или друга онлајн околина. Страните се согласуваат и изјавуваат дека сите изјави во врска со Апликацијата, склучувањето, исполнувањето и раскинувањето на Договорот потпишани со едноставен или напреден електронски потпис ќе се смета како своерачен потпис.
7.5. За електронско потпишување во MyIute околината, електронскиот сертификат на Клиентот е зачуван во уредот (телефонот) на Клиентот кој ќе се користи. Со давање на командата “Потпиши“, уредот ќе побара, доколку е овозможено биометриски податок (отпечаток или лик); во спротивно и во случај на iPhone, ќе го побара ПИН-от на уредот. Биометрискиот податок или ПИН-от ќе се искористи за верфикација на сигурната папка во уредот (во случај на iPhone – Secure Enclave) и со употреба на сертификатот зачуван таму, се креира потпис за PDF документот и се праќа на сервер на Давателот на кредит каде ќе биде додаден на PDF документот. Никакви биометриски податоци на Корисникот на кредит не се испраќаат и не стигнуваат до серверите на Давателот на кредит нити може да се направи reverse engineer на биометриските податоци од така кредираниот потпис. Доколку на уредот нема конфигурирано биометриски податоци и во случај доколку не е воспоставен ПИН на iPhone уредот, Договорот за кредит ќе се потпише електрноски, со еднократен код (OTP code) кој се испраќа на телефонскиот број назначен од Корисникот на кредит кој мора да биде вметнат на назначената страна во рок од три минути. Доколку внесениот еднократен код (OTP code) е идентичен со оној испратен од страна на Давателот на кредит, ќе се смета дека Договорот за кредит е потпишан.
7.6. За електронско потпишување надвор од Мој Иуте, Давателот на кредит му испраќа линк на маил адреса назначена од Клиентот и со отворање на линкот, еднократен код (OTP code) ќе биде испратен на телефонскиот број назначен од страна на Клиентот, кој Клиентот треба да го внесе на назначената страна во рок од три минути. Доколку внесениот еднократен код (OTP code) е идентичен со оној испратен од страна на Давателот на кредит, ќе се смета дека Договорот за кредит е потпишан.
7.7. Договорот за кредит со обезбедување се смета за потпишан и склучен од моментот кога Клиентот лично ќе го потпише Договорот и прилозите кон Договорот и ќе биде информиран за сите права и обврски кои произлегуваат од истиот. Договорот за кредит со обезбедување стапува на сила откако Клиентот ќе потпише Договор за залог со Давателот на кредитот и залогот биде запишан во Централниот Регистар на Република Северна Македонија.
7.8. Секој износ, одобрен и исплатен од страна на Давателот на кредит на Клиентот претставува Кредит даден од Давателот на кредит под условите на Договорот.

8. ИСПЛАТА НА КРЕДИТ
8.1. Давателот на кредит го исплаќа Кредитот во целост или делумно на Клиентот во согласност со Рамковниот договор или Поединечниот Договор за Кредит и/или согласно дадени насоки од Клиентот.
8.2. Кредитите може да бидат исплатени или на платежна сметка на Клиентот или на АТМ или во случај на купување на производи и услуги преку Кредитен посредник, на сметката на Кредитниот посредник. Секој начин на исплата, може да биде предмет на дополнителни надоместоци согласно Тарифата. Клиентот се согласува дека било кој таков дополнителен надоместок ќе биде наплатен од износот на Кредитот.
8.2.1. Клиентот е одговорен за точноста на платежната сметка на која бара исплата на Кредитот.
8.2.2. При повлекување на средствата преку ATМ, потребно е Клиентот да го внесе бројот на кредит на АТМ-от пришто Клиентот се информира за надоместокот за повлекување на готовина, а кој ќе биде одземен од износот на кредит согласно потпишаниот Договор. Доколку Клиентот се согласува со прикажаниот надоместок, потврдува со давање на командата “ДА“, по што ќе добие еднократен код (OTP code) на телефонскиот број доставен до Давателот на кредит. Клиентот мора да го внесе добиениот OTP code на АТМ-от по што може да го избере износот на готовина кој сака да го повлече.
8.2.3. Во случај на Договор склучен преку Кредитен посредник, а со цел купување на производи или услуги, Страните се согласни дека Давателот на кредит ќе го префрли износот на кредитот директно на сметката на Кредитниот посредник, а Клиентот е обврзан да го отплати Кредитот на Давателот на кредит во согласност со Договорот. Давателот на кредит нема одговорност доколку Кредитниот посредник е во постапка на ликвидација, стечај или друга причина која може да го попречи преносот на износото на кредитот.
8.3. Доколку Клиентот доставил до Давателот на кредит невистинити информации или основата за донесување на одлуката за одобрување на Кредитот се сменила (вклучувајќи влошување на финансиската состојба на Клиентот, постоење на товари на предметот на обезбедување кои не му биле познати на Давателот на кредит), Давателот на кредит ќе има право да одбие да го исплати Кредитот врз основа на Договорот.

9. КАМАТА, ПРОВИЗИЈА И СВТ
9.1. Давателот на кредит има право на камата и други провизии и надоместоци согласно Договорот.
9.2. Клиентот ги плаќа каматата и останатите договорени провизии и надоместоци согласно условите договорени во Договорот и во согласност со Амортизациониот план. Давателот на кредит започнува со пресметка на каматата од денот на потпишување на Поединечниот Договор за Кредит.
9.3. Каматата се пресметува месечно со примена на едноставниот метод за пресметка на камата и тоа на остатокот од износот на Кредит.
9.4. Провизијата се плаќа од Клиентот на Давателот на кредит за анализа на барањето за кредит, обезбедување средства, склучување на Договорот или измени на Договорот согласно член 6.10. од овие Општите услови.
9.5. Давателот на кредит има право на Провизијата дури и во случаите кога Клиентот нема да го употреби Кредитот или Давателот на кредит не го исплати кредитот доколку утврди дека Клиентот доставил неточни информации во барањето за кредит или во другите документи доставени до Давателот на кредит (вклучувајќи и известувања и потврди).
9.6. Вкупните трошоци на Кредитот ќе бидат се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии и кои било други надоместоци во врска со Поединечниот Договор за Потрошувачки Кредит коишто Клиентот треба да ги плати и коишто му се познати на Давателот на кредит. Стапката на вкупни трошоци на Кредитот се изразува во проценти како годишна стапка (СВТ). Давателот на кредит ќе ја пресмета СВТ во согласност со методологијата за пресметување на годишна стапка на вкупни трошоци пропишана од страна на Советот на НБРСМ. Пресметката на СВТ се врши на начин и под услови предвидени со Договорот, и важечка со влегување во сила на Поединечниот Договор за Кредит и евентуални измени и дополнувања (вклучително и каматната стапка важечка во тоа време). По пресметката на стапката на вкупни трошоци, се смета дека Кредитот е земен во целост од страна на Клиентот, Договорот е во сила до датумот на отплата како што е договорено во Поединечниот Договор за Кредит и Страните ќе ги исполнуваат обврските кои произлегуваат од Договорот.

10. АМОРТИЗАЦИОНЕН ПЛАН
10.1. За време на важноста на Договорот, Давателот на кредит го обезбедува Амортизациониот план на Клиентот, без дополнителен надоместок.
10.2. Амортизациониотплан содржи податоци за ратите и рокот на нивно достасување и условите во врска со исплатата натие износи, преглед на секоја исплата со податоци за главнината, каматата која е пресметана врзоснова на каматната стапка, доколку е применливо и дополнителни трошоци.
10.3. Клиентот има преглед на Амортизациониот план во Сметката, но на барање на Клиентот, Давателот на кредит ќе му достави Амортизационен план, по пошта или електрноски на маил.

11. ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ И ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА
11.1. Клиентот се обврзува дека ќе го отплати Кредитот согласно одредбите предвидени овде и во износи предвидени во Амортизациониот план.
11.2. Клиентот го отплаќа Кредитот на сметка на Давателот на кредит како што е назначено или во Поединечниот Договор за Кредит или на веб страната на Давателот на кредит или во MyIute. Доколку е овозможено од Давателот на кредит, Клиентот, исто така, може да го отплати кредитот на АТМ со функција за уплата на готовина.
11.3. Клиентот, посебно, на негов трошок ги сноси сите поврзани трошоци кои би можеле да произлезат за него од исполнувањето на Договорот (пр. банкарски провизии).
11.4. При отплата на Кредитот, Клиентот се обврзува да се повика на неговиот или Клиентски Број или Број на Кредит, пришто доколку се повика на Бројот на Кредит, ќе се смета дека Клиентот дал изрична инструкција за отплата на обврските од тој кредит, додека со повикување на неговиот Клиентски Број, Клиентот потврдува дека доколку има повеќе од една доспеани обврски по Кредит или други доспеани обврски спрема Давателот на кредит, отплатата на доспеаните обврски ќе ја спроведе Давателот на кредит, по сопствена одлука.
11.5. Во случај Клиентот да има повеќе од еден активен Кредит кај Давателот на кредит и Клиентот не дал специфични инструкции за распределба на средствата, распределбата на средствата примени од Клиентот ќе се искористат за намирување на побарувањата, по следниот редослед:
1) судски и вонсудски трошоци, трошоци за писмени опомени, пораки;
2) надоместоци;
3) доспеана казнена камата;
4) доспеана, а неплатена договорна камата;
5) главница.
11.6. Сите плаќања со кредитен трансфер се сметаат за извршени од моментот на уплатата на трансакциската сметка на Давателот на кредит. Во случај, ако Давателот на кредит утврди дека е извршено плаќање, кое е невозможно да биде идентификувано, тоа плаќање не се смета за валидно до моментот на неговата идентификација, а Клиентот ги сноси сите последици од задоцнето плаќање.
11.7. Во случај, ако Клиентот плати износ кој не е доволен за да ги отплати сите достасани обврски, трошоците за неисполнување и ненавремено исполнување на обврските на Клиентот се намируваат по редослед наведен во член 11.5.
11.8. Клиентот има право предвремено да го отплати Кредитот, во целост или делумно, со поднесување на писмено барање за предвремена отплата до Давателот на кредит.
11.9. Во случај на предвремена отплата на Кредитот, Клиентот е обврзан да ја плати недостасаната главница на Кредитот, преостанатата Провизија и доспеаната камата и други надоместоци до денот на предвремената отплата.
11.10. Во случај на предвремено враќање на Кредитот, Давателот на кредит има право на праведен надоместок за трошоците во висина од 1% од износот на предвреме отплатениот Кредит, доколку периодот меѓу предвремената отплата и Рокот на траење на Поединечниот Договор за Кредит се случи во период подолг од една година од Рокот на траење на Поединечниот Договор за Кредит, односно во висина од 0.5%, доколку предвремената отплата се случи во период не подолг од една година од Рокот на траење на Поединечниот Договор за Кредит. Во случај Давателот на кредит да претрпел штета од предвремената отплата, во износ поголем од надоместокот договорен овде, Давателот на кредит може да побарува оштетно побарување, во согласност со закон. Клиентот не должи ваков надоместок за предвремена отплата на Кредитот кога Кредитот е откажан врз основа на правото на откажување.
11.11. Клиентот го плаќа надоместокот за предвремена отплата на кредитот на Давателот на кредит на денот на целосната или делумна предвремена отплата на Кредитот.
11.12. Доколку Клиентот не го отплатил Кредитот, целосно или делумно, во согласност со условите утврдени од Давателот на кредит, ќе се смета дека Клиентот се откажал од барањето за предвремена отплата.
11.13. Во случај Клиентот да изврши плаќање кое го надминнува достасаниот износ за плаќање, а не го известил писмено Давателот на кредит за намерата за целосна или делумна предвремена отплата, истото нема да се смета како предвремена отплата и износот ќе се смета за претплата и ќе се искористи за подмирување на обврските на Клиентот. Давателот на кредит го задржува правото да го искористи износот за наплата на било кое побарување од Клиентот, а кое произлегува од Договорот(ите) или одобрени барања на Клиентот, доколку истите се доспеани.
11.14. Доколку по целосна отплата на обврските, Клиентот сеуште има расположливи средства, Давателот на кредит ќе изврши поврат на платежната сметка на Клиентот, доколку му е позната, или на друг начин побаран од Клиентот.
11.15. Предвремената отплата на Кредитот може да се изврши и преку одобрување на нов Кредит од страна на Давателот на кредит на Клиентот („Кредит за рефинансирање”). Кредитот за рефинансирање може да се одобри само за цело (а не за делумно) враќање на тековен кредит на Клиентот, при што Клиентот не смее да има доспеани обврски спрема Давателот на кредит. Давателот на кредит не е обврзан да одобри Кредит за рефинансирање.

12. ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
12.1. Клиентот има право, без обврска за плаќање на надоместоци или казни и без да наведува причина, да се откаже од Договорот, во рок од 14 дена од денот на склучување на Договорот или од денот кога Клиентот го добил Поединечниот Договор за Кредит.
12.2. Ќе се смета дека се остварува правото на откажување од Договорот доколку Клиентот испрати писмено известување до Давателот на кредит пред истек на рокот од 14 дена. Доколку Клиентот изврши уплата по Кредитот во рокот од 14 дена, а не го извести Давателот на кредит за намерата за откажување, таквата уплата ќе се смета за претплата во согласност со член 11.13. од овие Општи услови.
12.3. Доколку Клиентот го користи правото на откажување на Поединечниот Договор за Кредит, треба да ја плати на Давателот на кредит главнината и каматата согласно договорената каматна стапка за периодот од искористувањето на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето за откажувањето од Кредитот. Каматата се пресметува врз основа на договорената каматна стапка од Поединечниот Договор за Кредит.
12.4. Во случај Клиентот да испрати навремено известување до Давателот на кредит за остварување на правото на откажување, но не изврши плаќање спрема Давателот на кредит во рокот од 30 дена, Договорот продолжува да важи согласно условите под кои е склучен, вклучувајќи го и Амортизациониот план, составен дел на Поединечниот Договор за Кредит, со сите последици од ненавремено плаќање за Клиентот.

13. СУСПЕНЗИЈА НА МЕСЕЧНА РАТА
13.1. Клиентот има право да побара одложување на месечната рата од Кредитот, за што има обврска за плаќање на Надомест за суспензија. Надоместот за суспензија е неповратен и со плаќањето на износот наведен во Тарифата од страна на Клиентот се:
• постигнува согласност да се одложи рокот за плаќање на месечната рата;
• прекинува пресметувањето на пенали;
• прекинуваат активностите за наплата на побарувањето кои би го зголемиле вкупниот долг на Корисникот на кредит, и
• избегнува регистрирање како должник во Кредитно биро или друга база на податоци.
13.2. Клиентот потврдува и е согласен дека во случај на делмна отплата на доспеаните износи, вклучително и Надоместокот за суспензија, до договорениот рок, Давателот на кредит е овластен да пресмета канзена камата започнувајќи од денот на доспевање на месечната рата. Заради избегнување на било какво недоразбирање, Надоместокот за суспензија е неповратен нити да се конвертира како плаќање на месечната рата, камата, надоместоци или други надоместоци кои ги должи Клиентот.

14. ПОСЛЕДИЦИ ОД ЗАДОЦНЕТО ПЛАЌАЊЕ
14.1. Доколку Клиентот не ги исполнува обврските од Договорот во целост и навремено, Давателот на кредит ги има следните права:
14.1.1. да пресмета казнена камата на неплатениот износ од денот на доспевање на побарувањето до денот на наплата. Казнената камата се пресметува во согласност со законот за облигационите односи и тоа за секое полугодие во висина на референтната стапка, како што е објавено од НБРСМ на 02 јануари и 01 јули, зголемена за осум процентни поени. Кога износот на достасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече
14.1.2. да ги преземе сите потребни активности во согласност со Применливите закони, вклучувајќи и предвремено раскинување на Договорот и било кои други договори склучени помеѓу Страните и да ги спроведе сите потребни активности за наплата на своите побарувања пред сите надлежни органи и институции, вклулувајќи но не ограничувајќи се на судови, нотари, извршители и други.
14.1.3. да поднесе информација за обврските на Клиентот до Кредитно биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит. Податоците за Корисникот на кредит се доставуваат до Кредитното биро врз основа на писмен договор склучен меѓу Давателот на кредит и Кредитното биро и врз основа на Законот за Кредитно биро.

15. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
15.1. Давателот на кредит има право да го раскине овој и сите Договори и да бара предвремена отплата на Кредитот(ите) на Клиентот, доспеаната камата, надоместоци, казнена камата, пенали и други побарувања кои произлегуваат од Договорите во рок од 3 (три) работни дена од денот на прием на известувањето од Давателот на кредит, доколку:
15.1.1. се открие дека Клиентот доставил до Давателот на кредит лажни документи или изјави во барањето за кредит или други документи доставени до Давателот на кредит (вклучувајќи известувања, потврди итн.);
15.1.2. Клиентот не ги исполнува навремено обврските за плаќање согласно Договорот(ите);
15.1.3. Клиентот задоцни или не ги исполнува навремено било која(и) друга(и) обврска(и) од Договорот(ите);
15.1.4. во случај на обезбеден кредит, пазарната вредност на заложениот објект се намали до степен да е недоволна за намирување на побарувањата на Давателот на кредит кои произлегуваат од Договорот или настане законска пречка за валидноста на залогот, а Давателот на кредит и Клиентот не се договорат за воспоставување на дополнително обезбедување;
15.1.5. настанат случаи кои го загрозуваат редовното исполнување на Договорот од страна на Клиентот;
15.2. Во случај на раскинување, Кредитот заедно со сите надоместоци и доспеана камата до денот на раскинувањето стануваат доспеани за плаќање. Конечниот износ кој Клиентот треба да го плати заради раскинување на Договорот ќе биде наведен од Давателот на кредит во известувањето за раскинување.

16. ЖАЛБЕНА ПОСТАПКА
16.1. Клиентот може да поднесе приговор со допис на адресата на Давателот на кредит наведена погоре.
16.2. На приговорите ќе биде одговорено во најкраток можен рок, а Давателот на кредит ќе настојува да одговори во рок од 30 работни дена.

17. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
17.1. Клиентот е согласен дека неговите/нејзините лични податоци може да бидат пренесени на агенција за наплата на побарувања и обработувани за целите на Оценката.
17.2. Давателот на кредит ќе врши обработка на личните податоци на Корисникот на кредит и може да изврши пренос на личните податоци во други држави – земји членки на ЕУ или ЕЕА или други држави кои не се земји членки на ЕУ или ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личните податоци од Агенцијата за заштита на личните податоци заради исполнување на законска или договорна обврска..

18. ВИША СИЛА
18.1. Давателот на кредит нема да биде одговорен пред Корисникот на кредит за секое доцнење или пропуст за извршување на обврските кои се поради виша сила (како што е дефинирано во подолу).
18.2. “Виша сила” ќе значи секој настан кој не може да се спречи ниту предвиди, настанат по потпишувањето на Договорот за кредит помеѓу Давателот на кредит и Корисникот на кредит и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од Давателот на кредит според Договорот за кредит и / или овие Општи услови, вклучувајќи, но без да се ограничување: законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, пандемии, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго..
18.3. При настанување на Виша сила, Давателот на кредит ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести Корисникот на кредит во рок од една недела од денот на завршувањето на вишата сила.
18.4. Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос на Давателот на кредит, така и во однос на Корисникот на кредитот.

19. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
19.1. Сите известувања помеѓу Страните во врска со Договорот ќе се прават во согласност со Договорот.
19.2. Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови бидат прогласени за неважечки, останатите одредби остануваат во сила, а неважечките одредби ќе бидат заменети со важечки кои се во согласност со иницијалните намери на Страните, најмногу можно.
19.3. Со потпишување на Договорот, Клиентот потврдува дека ги прочитал и разбрал овие Општи услови и во целост ги прифаќа.

ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје