ИутеКредит Македонија составува тим за учество на кампот на „мадридистите“!
28/12/2018

Придружи се! Биди дел од ИутеКредит тимот на Real Madrid Campus Experience кој ќе се одржи во Охрид од 14-18 јануари 2019.
Иуте Кредит Македонија како компанија во рамките на општествено одговорната платформа “Инвестираме во иднината” вклучува и поддршка на проекти од јавен интерес како што се спортот и развој на младата популација. Со тоа, компанијата следејќи ја политиката на организаторот Реал Мадрид Фондација секој партнер на овој проект да овозможи одреден број на деца да партиципираат на кампот, ќе биде спонзор на 11 кандидати кои ќе го сочинуваат тимот на овогодинешниот камп Real Madrid Experience, кој ќе се одржи во Охрид од 14-18 јануари 2019 година.
Со оваа активност ИутеКредит има за цел да допринесе за развој на спортот кај младата генерација со основна цел дел понатамошно насочување и професионална заинтересираност за фудбалот. ИутеКредит својата поддршка ќе ја даде на заинтересираните кандидати кои покажуваат особен талент за фудбал тренирајќи во некои од фудбалските клубови во Македонија, како и одлични резултати во образованиоето, а од друга страна имаат реална потреба од ваква помош за реализација на својот сон.
Кампот како проект е планиран да биде еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн., каде што специјално обучени тренери за млади генерации од Реал Мадрид Фондацијата ќе го пренесат своето знаење.
Начин на пријавување:
Пријавувањето се врши на официјалната страна на кампот, во инбокс, каде што се оставаат податоци за учесникот (Име, Име на родител, Презиме, Датум на раѓање на учесникот, Фудбалски клуб односно училиште во кое тренира и успех од претходната школска година, контакт телефон од родител/старател). По пријавувањето, учесникот добива потврда дека пријавата е влезена во процес на разгледување.
Пријавените на кои ќе им биде доделен ваучер ќе мора да приложат документ за идентификација (пасош или извод од матична кнга на родени), за да се евидентира идентитетот и возраста.
Линк за пријавување: https://www.facebook.com/RealMadridFoundationMacedonia
Рок на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до понеделник, 07.01.2019.
Начин на одредување на добитници:
Начинот на којшто ќе бидат одредени кандидатите на коишто ќе им се додели ваучер го одредува организаторот на кампот следејќи ги критериумите на Реал Мадрид Фондацијата. Кандидатите кои ќе можат да докажат дека ги исполнуваат истите ќе имаат најголеми шанси да им биде доделен ваучер за учество на кампот.
Награден фонд:
Единаесет кандидати добиваат ваучер за учество на вториот Real Madrid Campus Experience што од 14-18 Јануари ќе се одржи во Охрид.
Објавување на доделени ваучери:
Листата на кандидати кои ќе добијат ваучер ќе биде објавена до 10.01.2019 на социјалните мрежи на организаторот и спонзорот, опционално и на останати електронски и печатени медиуми, но и на една од националните телевизии во Македонија.
Завршни одредби:
Со самото пријавување, испраќање на приватна порака на Фејсбук на организаторот на настанот, кандидатите се согласуваат матерјалите (фото и видео) од самиот настан да се користат во маркетинг цели на организаторот и компаниите кои го поддржуваат самиот настан и се согласуваат да учествуваат на специјално наменета емисија на една од националните ТВ станици каде ќе се презентира тимот на ИутеКредит.
Линк за пријавување: https://www.facebook.com/RealMadridFoundationMacedonia