По успешната организација на Real Madrid Campus Experience на почетокот на 2019 година од страна на фондацијата Реал Мадрид во Македонија, на кој ИутеКредит спонзорираше учество на тим од 10 деца, следува нов фудбалски проект за младите фудбалери.

Со локална поддршка на лиценцираниот партнер на Реал Мадрид Фондацијата  во Македонија – Спорт Арена ќе се организира нов фудбалски камп за деца наречен Real Madrid Clinic кој ќе се одржи од 17-21 јуни во Скопје, Штип и Кавадарци, во соработка со локалните фудбалски клубови Работнички, Кит-Го и Тиквеш.

ИутеКредит како официјален спонзор и пријател на органзацискиот тим, им нуди можност на сите заинтересирани котизацијата за учество на кампот да ја подмират со помош на поволната понуда на потрошувачки кредити, така што потребната сума за учество ќе може да се плати и до 10 месечни рати, согласно новите поволни услови кои важат од 08.04.2019.

За кредит може да се аплицира онлајн на www.iutecredit.mk или во експозитурите на ИутеКредит, со минимум потребни документи, а одобрувањето ќе биде во најбрз можен рок.

ИутеКредит како општествено одговорна компанија останува поддржувач на вакви проекти од јавен интерес во областите на спортот, образованието и здравата животна средина.

Повеќе за Real Madrid Clinics кампот на следниот линк: http://www.sportarena.mk/