ИутеКредит покровител на академската конференција „Иновирајќи ја Европа“
16/05/2019

16.05.2019. ИутеКредит Македонија е покровител на 14та годишна меѓународна академска конференција на тема „Иновирајќи ја Европа“.
Во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот од Рим Тор Вергата, конференцијата има за цел да го претстави начинот на кој иновациите влијаат врз сите области од животот и од кои зависат сите аспекти на европскиот развој.
Дополнитлено, конференцијата се фокусира на иновативни економски, социјални и политички решенија за предизвиците на европскиот проект, особено оние што го засегаат светот на бизнисот.
Во таа насока, Иуте Кредит како општествено одговорна компанија која во рамките на својата стратегија го вклучува образованието како еден од аспектите на проекти од јавен интерес, се одлучи да го поддржи овој академски настан.
Покрај образованитето, стратегијата на ИутеКредит вклучува и поддршка на проекти и настани од јавен интерес како што се спортот и здравата животна средина и во таа насока продолжува да допринесува во согледување на предизвиците и подобрување на овие аспекти од секојдневниот живот на граѓаните преку учество во социјално одговорни проекти.