Нова ИутеКредит експозитура во Штип
22/05/2019

Најбрзиот и најкомфорниот пристап до финансиски средства сега поблиску до штипјани
Следејќи ја својата мисија да овозможи најбрзо и најкомфорно кредитирање за физички лица во Македонија, ИутеКредит ја отвори и својата прва експозитура во Штип.
Покрај можноста за брзо онлајн аплицирање за потрошувачки кеш кредити на веб страната на ИутеКредит www.iutecredit.mk, граѓаните на Штип ќе можат услугите за најбрзо и најкомфорно кредитирање ги добијат на новата ИутеКредит адреса, на улица Ванчо Прке број 1.
“Досега ИутеКредит беше присутен со физички локации во Скопје, Тетово и Куманово, но на се поголемо барање и интерес за експозитура во Штип, решивме нашата следна локација да биде токму тука” – изјавија од ИутеКредит.
Промотивно по повод отварањето, сите заинтересирани и нови колиенти ќе можат да аплицираат за кредит до 20 000 денари со 0% трошоци.
За аплицирање е потребен само документ за лична идентификација (лична карта или пасош), а одговор на апликацијата се добива за само неколку минути.

“Покрај аплицирање за кеш кредити во експозитурата, граѓаните на Штип ќе можат да купуваат производи и услуги на 24 рати до 120 000 денари кај трговските партнери на ИутеКредит во Штип, исто така само со лична карта” – дополнуваат од ИутеКредит.
Листата на продажни места каде што може да се купува со наменски кредит на рати може да се погледне на следниот линк: https://iutecredit.mk/partners/
Дополнително во понудата на ИутеКредит е и инстант автмобилскиот кредит за користени возила во износ до 1 000 000 денари, кој се добива без учество, без каско и без лизинг. За автомобилскиот кредит заинтересираните можат да аплицираат директно во експозитурата во Штип или онлајн на www.iutecredit.mk/car-loan/ каде можат да се погледне и целата мрежа на авто плацеви кои соработуваат со ИутеКредит.
Иуте Кредит како општествено одговорна компанија во рамките на својата стратегија вклучува и поддршка на проекти од јавен интерес како што се спортот, здравата животна средина и образованието, па во таа насока со самото присуство во Штип ќе допринесе во согледување на предизвиците и подобрување на овие аспекти од секојдневниот живот на граѓаните преку учество во социјално одговорни проекти.