Искористете ги предностите – плаќајте на време!
11/06/2019
Кога аплицирате за кредит или купувате производ на рати најважно од сѐ е да ги знаете условите пред потпишување на договорот. Колку е износот на ратата, кој е датумот кога најдоцна може да платите, како и предностите за плаќањето на време или пеналите кои следат за задоцнето плаќање се информациите кои мора да ги знаете при аплицирањето.
Без разлика дали сте одбрале ратите да ги плаќате преку уплатница или со траен налог преку вашата банка, навременото плаќање ви носи голем број на предности. Во продолжение прочитајте ги предностите од уплатата на време, а повеќе информации како да уплатите може да прочитате на следниот линк.
Имајте позитивна кредитна историја
Навремената отплата на ратите позитивно се рефлектира во рангирањето што го имате во Македонско Кредитно Биро. Кредитниот извештај помага при добивање заеми или кредитни картички, па затоа е важно да направите сѐ што можете да имате најдобар кредитен рејтинг. Тоа ќе ви овозможи полесно да добиете одобрување за повисоки позaјмици на подолг рок и со подобри услови во иднина. Многу често каматата што е наплатена за заеми е најдобар показател за рејтингот; колку подобар е вашиот рејтинг, толку е помала каматната стапка. Тоа ќе ви помогне да заштедите стотици, можеби илјадници денари во текот на траењето на заемот.
Избегнете камата за задоцнето плаќање
Институциите кои нудат услуги поврзани со кредитирање, наплаќаат камата за задоцнето плаќање доколу договорениот износ не се исплати на време. Овие надоместоци може да бидат процент или фиксен износ на денари.
Задоволството на нашите клиенти секогаш ни е на прво место, па затоа и при самото потпишување на договорот нашите кредитни советници ги прашуваат клиентите за датумот кој најмногу им одговара за доспевање на ратата. Секако дека во секој момент можете да направите и предвремена уплата, но доколку не направите уплата на ратата во рокот согласно амортизациониот план, ќе ве контактираме и потсетиме преку смс, телефонски повик или преку писмена опомена. Задоцнувањето генерира камати за задоцнето плаќање и останати механизми за наплата. Сите информации за задоцнетотот плаќање и пеналите можете да ги прочитате на следниот линк.
Во ИутеКредит има можност да одложување на ратата и затоа секогаш ги советуваме клиентите доколку имаат долгорочни финансиски проблеми да нѐ контактираат за да најдеме конкретно решение за настаната ситуација.
Важно е да запаметите дека кога навреме ги плаќате ратите, довербата се зголемува и можете позајмувате поголеми износи, на подолг рок и со поповолни услови.
Доколку сакате да дознаете повеќе информации во врска со предностите за навремено плаќање или пеналите за задоцнето плаќање слободно контактирајте не преку е-маил info@iutecredit.mk или телефонски на еден од телефонските броеви 13 333, 02 3149 999 или 044 349 999.