Како да платам?
11/06/2019
Информации за уплата
Сите потребни информации како што се: датум на рати, број на кредит и сметки за плаќање се на картончето кое го добивате при потпишување на договорот во експозитура или кај трговските партнери.
Доколку сте аплицирале преку веб, информациите ги имате во е-маил пораката со која ве известуваме дека кредитот е одобрен.
Датумот за плаќање на рата е фиксен и е ист секој месец.
Запомнете го точниот датум за плаќање на рата, така ќе ги планирате средствата на време. За да се осигурате дека ќе ги извршувате уплатите навреме воспоставете траен налог во вашата банка. Со трајниот налог значително ќе ги намалите трошоците и времето при уплата на рата на вашиот кредит.
Уплатата на ратата може да се изврши во Пошта (сметката во Еуростандард Банка) или во една од следниве банки: НЛБ Банка, Комерцијална Банка, Стопанска Банка Скопје, Еуростандард Банка и Уни Банка.
Во нашите експозитури не се врши уплата на средства во готово или на сметка.
На уплатницата во цел на дознака мора да се наведе бројот на кредит, тоа се 5те или 6 бројчиња кои се запишани на картончето или во СМС пораката која се испраќа при одобрување на кредитот. Бројот на кредит мора да го имаме како би можеле да ја најдеме вашата уплата во системот.
Уплатата може да ја направите со уплатница пп10 или пп30
Трансакциски сметки:
- НЛБ Банка – 210-0722129003-07
- Комерцијална Банка – 300-0000041215-66
- Стопанска Банка Скопје – 200-0032093858-36
- Еуростандард Банка – 370-0012002337-96
- Уни Банка – 240-0101106328- 45