Често поставувани прашања – Mastercard
20/06/2019
- Каде може да ја променам мојата картичка?
Картичката може да се промени само лично во една од нашите експозитури во Скопје на бул. Партизански Одреди бр.14А-4, во Тетово ул. Маршал Тито 58, во Куманово ул. Маршал Тито бр.1, во Битола ул. Никола Тесла, бр. 51, во Струмица ул. Благој Јанков Мучето, бр. 1 или во Штип ул. Ванчо Прке бр.1, локал 11
- Што треба да направам во случај да се сомневам дека мојата картичка е злоупотребена?
Контактирајте нè телефонски на 13 333, e-mail info@iutecredit.mk или во една од нашите експозитури. Ние ќе ги провериме сите трансaкции и ќе ве информираме, доколку е потребно картичката може привремено да биде блокирана.
- Што треба да направам во случај мојата картичка да е изгубена или украдена?
Информирајте нè веднаш за да ја блокираме трајно картичката и да ви издадеме нова. Балансот од претходната картичка ќе биде префрлен на новата. За издавање на новата картичка потребно е повторно да платите 1990 денари.
- Што треба да направам доколку мојата картичка е задржана во банкомат?
Јавете се во нашиот контакт центар на 13 333, ние ќе ја контактираме банката сопственик на банкоматот и ќе поднесеме барање за враќање на картичката во Иуте Кредит. Потоа ќе ве контактираме да ве информираме за деталите.
- Што е причината за одбивање на мојата картичка при обид за трансакција?
Причини за одбивање на картичката може да бидат: недоволно средства, блокирана картичка, несигурен сајт или блокиран/ недостапен ПОС терминал.
- Што се случува доколку го заборавам пинот?
Издавање на нов ПИН во моментов не е достапно, мора да се издаде нова картичка со ПИН.
- Дали можам да го напишам мојот ПИН на мојата картичка?
Не се препорачува, пинот е строго доверлив и не треба да се споделува јавно.
- Дали можам да ја дадам мојата картичка на друг?
Не се препорачува, но тоа е одговорност на имателот на картичката. ИутеКредит не одговара за злопутреба на картичката и средствата не се рефундираат.
- Дали добивам детален извештај за моите трансакции?
Да, секој месец испраќаме извештај на e-mail на корисникот на картичката