ИутеКредит Европа, како водечка европска компанија за лично финансирање, за првпат издаде четиригодишна корпоративна обврзница (ISIN: XS2033386603). ИутеКредит е првата компанија од Естонија со  хартии од вредност на Франкфуртската берза во Германија.

Вредноста на високо осигурените обврзници е 40 милиони евра со каматна стапка од 13% и рок до 2023 година. Првиот ден за тргувањето со новите обврзници на отворениот пазар на Франкфуртската берза се очекува да биде на 7 август 2019 година. ИутеКредит потоа ќе аплицира за да ги наведе обврзниците на ЕУ регулираниот пазар во Deutsche Börse во рок од шест месеци.

Издавањето на обврзници на ИутеКредит е предводено од банки од Обединетото Кралство, Швајцарија и Шведска, а исто така беше поддржано и од меѓународна група на инвеститори и корпоративни финансиски професионалци од Германија, Бугарија, Латвија и Естонија.

“Довербата која ја покажаа меѓународните инвеститори према ИутеКредит со издавањето на нашата прва евро обврзница, ја нагласува нашата позиција како водечки, успешен и сигурен снабдувач на финансиски услуги за клиентите. Овие приноси дополнително ќе го поттикнат остварувањето на нашата мисија: Ние креираме исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите на небанкарските пазари и со тоа да создадеме значајно општествено влијание во подобрувањето на квалитетот на секојдневниот живот на нашите клиенти. Земајќи во предвид дека секоја година од почетокот на 2008 година компанијата беше профитабилна, се нагласува одржливоста на нашиот бизнис модел. За нашите деловни активности, гледаме голема побарувачка од потенцијалните и постоечките клиенти за постоечките производи, како и за иновации”, рече Тармо Силд, генерален директор на Групацијата ИутеКредит.

Контакт:

Кристел Курвитс, Group Chief Financial Officer (CFO)

Евелин Кантер, Group Chief Legal Officer (CLO)

Aalto Capital (Односи со инвеститори)

Свен Паули, Консултант

За ИутеКредит:

ИутеКредит е основана во 2008 и е водечка европска компанија за лично финансирање. Преку своите подружници групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити, а користи учество и кредитен капитал. ИутеКредит во моментов ги услужува клиентите на Молдавија, Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

До 31ви Март годинава, 300 лица вклучувајќи го и менаџерскиот тим и ИТ тимот, опслужија 150 000 активни кредитни клиенти и работеа со база од 430 000 корисници.

Кредитните производи на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата помеѓу 1 и 36 месеци и автомобилски обезбедени кредити со рок на отплата до 60 месеци.

Мисијата на ИутеКредут е да создаде исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите.

www.iutecredit.com