ПРАВИЛА ЗА НАГРАДНА ИГРА
29/07/2019
Официјални правила на наградната игра„Аплицирај и кулирај! – Освој патување за 2 лица во Кападокија!“
ОРГАНИЗАТОР
ЧЛЕН 1
Организатор на наградната игра „Аплицирај и кулирај! – Освој патување за 2 лица во Кападокија!“ (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е Финансиско друштво Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје со регистрирано седиште на ул. 1732 бр. 4 Комплекс Парк Резиденс Ламела A, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, со ЕМБС 7221290 (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).
ЦЕЛ НА НАГРАДАТА ИГРА
ЧЛЕН 2
Цел на наградната игра е рекламирање и промоција на производите кои Организаторот ги нуди на територија на Република Северна Македонија и тоа:
- ненаменски кредит во износ од 3.000 денари до 30.000 денари; и
- наменски кредит во износ од 3.000 денари до 120.000 денари
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 3
Официјалното име на Наградната игра е „Аплицирај и кулирај! – Освој патување за 2 лица во Кападокија!“.
ТЕРИТОРИЈА
ЧЛЕН 4
Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Северна Македонија.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 5
Наградната игра ќе започне од 29.07.2019 (со почеток од 00:01 часот) и ќе трае до 09.09.2019 година (до 23:59 часот).
ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 6
Во наградната игра ќе учествуваат следните производи кои Организаторот ги нуди на територијата на Република Северна Македонија и тоа:
- ненаменски кредит во износ од 3.000 денари до 30.000 денари; и
- наменски кредит во износ од 3.000 денари до 120.000 денари
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 7
Право за учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 годишна возраст) кои што прв пат ќе поднесат апликација за ненаменски кредит во вредност од 3.000 денари до 30.000 денари или наменски кредит во вредност од 3.000 до 120.000 ден. и истата ќе биде одобрена во период од 29.07.2019 до 09.09.2019.
Право за учество во Наградната игра имаат сите нови клиенти на Организаторот во периодот на времетраење на наградната игра кои во моментот на извлекување на наградата немаат достасани и неподмирени обврски према Организаторот.
Во наградната игра забрана за учество имаат лицата кои за времетраењето на наградната игра веќе имаат активен кредит или се вработени кај Организаторот на наградната игра (Финансиско друштво Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје) и членовите на нивните потесни семејства, како и вработените кај партнерите на Организаторот на наградната игра и членовите на нивните потесни семејства.
Правилата на наградната игра, начинот и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетраење, приредувачот ќе ги објави на неговата официјална веб страна (https://iutecredit.mk/) и фејсбук профил (https://www.facebook.com/iutecreditmacedonia/) пред започнување на наградната игра, а по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии. Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една награда.
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 8
Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој ќе се одвива наградната игра ќе ги превземе следните активности:
- Во период од 29.07.2019 до 09.09.2019 година ќе аплицира за ненаменски кредит во износ од 3.000 до 30.000 денари или наменски кредит во износ од 3.000 до 120.000 денари преку следниве канали за аплицирање:
- Канцелариите на Иуте Кредит во Скопје со седиште на ул. 1732, бр. 4 Комплекс Парк Резиденс Ламела А и бул. Партизански Одреди, бр. 14А-4;
- Канцелариите на Иуте Кредит во Тетово со седиште на ул. Маршал Тито, бр. 58;
- Канцелариите на Иуте Кредит во Куманово со седиште на ул. Маршал Тито, бр. 1;
- Канцелариите на Иуте Кредит во Битола со седиште на ул. Никола Тесла, бр. 51;
- Канцелариите на Иуте Кредит во Струмица со седиште на ул. Благој Јанков Мучето, бр. 1;
- Канцелариите на Иуте Кредит во Штип со седиште на ул. Ванчо Прке, бр. 1 локал 11;
- Он-лајн преку вебсајтот на Иуте Кредит на https://iutecredit.mk/; и
- Телефонски преку телефонскиот број 13 333
- По аплицирањето за ненаменски или наменски потрошувачкиот кредит, Иуте Кредит го одобрува или го одбива барањето врз основ на претходно дефинирани услови за кредитирање. По одобрување на потрошувачкиот кредит, учесниците автоматски се регистрираат во дата базата на Иуте Кредит Македонија (CRM);
- Во извлекувањето на наградната игра, право на учество имаат само лицата кои што аплицирале и прв пат добиле одобрување за потрошувачки кредит;
- Добитниците ќе биде одбрани по случаен избор, а изборот на главната награда ќе биде проследен со Live Video на социјалната мрежа Фејсбук на 09.09.2019 во 15:00 часот;
- Оваа наградна игра ја организира ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје согласно Правилник доставен до Министерство за Финансии;
Потврда дека едно лице станало учесник во наградната игра е бројот на договорот за потрошувачки кредит кој може да биде склучен или електронски или во хартиена верзија.
ФОНД НА НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 9
Наградатите во наградната игра се следни:
- 1 (едно) патување за две лица во Кападокија и тоа две ноќевања за две лица во период од 08.10.2019 година до 13.10.2019 година, од туристичка агенција Нехар Травел со седиште на бул. Св. Кирил и Методиј, бр. 52,1000 Скопје. Cместувањето е во хотел Турист 4* – Ѓореме на база 2 ноќевања со појадок и вечера;
- 3 (три) клима уреди Beko;
- 6 (шест) акциони камери GoPro; и
- 12 (дванаесет) портабл звучници.
Вкупниот број на награди е 22 (дваесет и две), а вкупната вредност на наградниот фонд изнесува 163.760,00 денари.
Награди | Количина | Поединечна вредност со 18% ДДВ | Вкупна вредност со 18% ДДВ |
Патување за две лица во Кападокија | 1 | 20 960 ден | 20 960 ден |
Клима уред Beko | 3 | 16 200 ден | 48 600 ден |
Акциона камера GoPro | 6 | 13 300 ден | 79 800 ден |
Портабл звучник | 12 | 1200 ден | 14 400 ден |
Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во Официјалните правила од страна на Организаторот.
Замена на наградите со други предмети или други противвредности не е дозволена.
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
ЧЛЕН 10
Распоред на извлекување:
- Првото извлекување ќе биде на 05.08.2019 во 15:00 часот – 1 х клима уред, 1 х акциона камера GoPro, 2 х портабл звучници;
- Второто извлекување ќе биде на 12.08.2019 во 15:00 часот – 1 х акицона камера GoPro, 2 х портабл звучници;
- Третото извлекување ќе биде на 19.08.2019 во 15:00 часот – 1 х клима уред, 1 х акциона камера GoPro, 2 х портабл звучници;
- Четвртото извлекување ќе биде на 26.08.2019 во 15:00 часот – 1 х акицона камера GoPro, 2 х портабл звучници;
- Петтото извлекување ќе биде на 02.09.2019 во 15:00 часот – 1 х клима уред, 1 х акциона камера GoPro, 2 х портабл звучници; и
- Шестото извлекување ќе биде на 09.09.2018 во 15:00 часот – 1 х акциона камера GoPro, 2 х портабл звучници.
- Извлекувањето на главната награда патување за 2 лица во Кападокија ќе биде на ден 09.09.2018 во 15:00 часот.
Добитниците во наградната игра ќе се извлекуваат по електронски пат преку online апликацијата https://www.miniwebtool.com/random-picker/ која овозможува да се изберат добитници по случаен избор, без влијание на човечки фактор. Согласно наведените пропорции за наградната игра во online алатката за одбирање на добитници по случаен избор, ќе бидат внесени податоците за сите корисници кои аплицирале за кредит и ги исполнуваат наведените услови, а алатката овозможува откако ќе се одбере опцијата „Избери рандом име“ да прикаже по случаен избор еден од учесниците во наградната игра. Корисникот кој ќе биде одбран од страна на online апликацијата ќе биде добитник на предефинираната награда.
Извлекувањата по електронски пат преку online апликацијата https://www.miniwebtool.com/random-picker/ ќе се вршат во просториите на Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија на ул. 1732 бр. 4, комплекс Парк Резиденс, Скопје.
Во текот на наградната игра ќе се доделуваат четри типа награди.
Ќе биде извлечен еден добитник и еден резервен добитник. Доколку се појави пречка за доделување на наградата на добитникот, наградата ќе ја добие првиот резервен добитник.
Извлекувањето ќе се врши во присуство од страна на комисија од 3 вработени лица кај Организаторот.
Право на учество во секое следно коло ќе имаат сите кандидати кои не биле извлечени во некое од претходните кола и така се до одржување и на последното коло односно до извлекувањето на добитникот на главната награда.
ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Член 11
Сите имиња на добитниците на награди ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето на интернет страницата на веб сајтот на Организаторот и на фејсбук страната https://www.facebook.com/iutecreditmacedonia/, со објавување на име и презиме на секој добитник и наградата за која бил извлечен.
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
ЧЛЕН 12
Добитникот на награда ќе биде известен преку Вибер порака, СМС или во електронско сандаче.
Добитникот на наградата е должен во рок од 60 дена да ја подигне наградата од седиштето на организаторот со валиден документ за идентификација и потврда за одобрување на кредит.
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
ЧЛЕН 13
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат правилата на Наградната игра.
УСЛОВИ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
ЧЛЕН 14
За да ја подигне својата награда, добитникот на наградата мора да ги исполнува сите услови предвидени со овие Официјални правила како и:
- Да се легитимира со документ за лична идентификација;
- Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име со приложување нотарски заверено полномошно при подигнување на наградата во име на добитникот.
Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот.
ПРАВО НА ПРИГОВОР
ЧЛЕН 15
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на добитникот да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на приговорот, писмено да одговори на добиениот приговор.
ОДГОВОРНОСТ
ЧЛЕН 16
Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Организаторот.
Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.
Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети или тужби кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.
Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик.
Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку биде извлечен за некоја од наградите, неговите лични податоци да бидат јавно објавен.
Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
Во случај на печатни грешки во рекламните материјали Организаторот нема да се смета за одговорен.
ОДОБРЕНИЕ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
ЧЛЕН 17
Со пополнување на апликацијата за ненаменски кредит во вредност од 3.000 денари до 30.000 денари или наменски кредит во вредност од 3.000 до 120.000 ден., учесниците се согласни да ги дадат своите лични податоци на организаторот и тоа: име, презиме, телефонски број, улица, број, поштенски код, град и број на лична карта, својот матичен број, како и личната карта на увид.. Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на Наградната игра. Личните податоци од добитникот се бараат заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испорака на наградата. Вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра.
Личните податоци на учесниците нема да се користат за други цели, освен со изрична согласност на учесникот, која учесникот може да ја даде на Организаторот.
За сите лица, кои ќе бидат вклучени во процесот на прибирање и обработка на личните податоци, ќе се обезбедат потпишани овластувања за работа со лични податоци и изјава за заштита на лични податоци.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра. После тоа истите ќе ги уништи согласно неговите процедури за уништување документи.
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 18
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии согласно член 8 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, и да ја извести јавноста преку дневниот печат или преку својата официјална веб страница, доколку настапат околности за кои Организаторот на наградната игра не е одговорен, не можел да ги спречи, отстрани или избегне поради делување на виша сила.
ОТСTРАНУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 19
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава стварно надлежен суд во Скопје.
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 20
Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот, на фејсбук страната https://www.facebook.com/iutecreditmacedonia/ и делумно објавени на рекламниот материјал наменет за промовирање на наградната игра.
РЕКЛАМИРАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ЧЛЕН 21
За рекламирање на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:
- Рекламни објави на Facebook и Инстаграм профилот на организаторот https://www.facebook.com/iutecreditmacedonia/;
- Печатени матријали;
- СМС пораки;
- Рекламни пораки на веб сајтот на ФД ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА https://iutecredit.mk/
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
ЧЛЕН 22
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила се задолжителни за учесниците и истите ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.
Дозволата за приредување на наградната игра може да ја видите ТУКА