Намалени трошоци за кредит – ИутеКредит Македонија
22/08/2019

ИутеКредит Македонија на 01.07.2019 година ја намали Стапката на вкупни трошоци (СВТ) кај сите кредити за 1,25% процентни поени. СВТ е пресметковна категорија која се калкулира според методологијата пропишана од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија.
Ова е втор пат во 2019 година ИутеКредит да ја намали СВТ која вклучува каматна стапка, провизија и административни трошоци за најбрзите кеш, наменски и автомобилски кредити во Македонија кои се достапни 24/7 за сите граѓани од 18 до 75 годишна возраст.
– Намалувањето на СВТ (стапка на вкупни трошоци) го одразува начинот на нашето работење и ние целосно сме усогласени со сите аспекти за заштита на потрошувачите, со истакната професиoналност во работењето и целосна транспарентност без скриени трошоци. Како компанија со седиште во Естонија ги следиме Европските стандарди за кредитирање на населението. Клиентите кои редовно ги плаќаат ратите ќе можат да уживаат во сите поволности на ИутеКредит без никакви дополнителни и скриени трошоци. Нудиме најкомфорен начин за подигнување кредит за само неколку минути по најповолни услови на пазарот, без жиранти, без потврда од работодавец и без чекање редици. Аплицирањето за кредит е достапно 24/7 на интернет (онлајн), телефонски или во некоја од експозитурите на ИутеКредит низ Македонија – истакна Борјан Колемишевски, Комерцијален директор во ИутеКредит Македонија.
Со навремена уплата на ратите корисниците на кредит создаваат позитивна кредитна историја во Македонското кредитно биро. Тоа значи дека во иднина при барање на нов кредит уредните плаќачи имаат можност да подигнат кредити со поголеми износи и пониски каматни стапки, и секако со подолг рок на отплата.
Кредитите со намалени вкупни трошоци се достапни уште денес. Сите заинтересирани граѓани можат бесплатно да ја проверат својата моментална кредитна состојба и да добијат совети за успешно менаџирање на сопствените финансии на телефон 13 333.