Марјан Велевски, официјален добитник на главната награда на Аплицирај и Кулирај
17/09/2019

Марјан Велевски е среќниот добитник на главната награда Патување за двајца во Кападокија, во наградната игра Аплицирај и Кулирај на ИутеКредит.
На самото подигање на наградата имавме прилика подобро да го запознаеме Марјан и да ја слушнеме кратката приказна и причината за неговата одлука да ги искористи услугите на ИутеКредит.
А што би била причината, ако не можноста да се земе посакуваниот производ веднаш со минимум документација. Марјан како нов клиент, станал учесник во наградната игра со одобрена апликација за наменски кредит за купување на рати кај еден од партнерите на ИутеКредит, како би си овозможил филтер за прочистување на вода за домашна употреба.

Калкулацијата на ратите за кредитот ми се виде доста поволна и одлуката да го купам производот преку ИутеКредит ја донесов брзо. Процедурата за апликација беше исто така брза. Потпишав се што беше потребно за да се процесира апликацијата, потоа продажните лица во салонот се јавија на вашите кредитни референти и работата се заврши веднаш. – вели Марјан.
Реакцијата за добиената награда била секако изненадувачка, бидејќи Марјан не верувал дека ќе добие награда.
Најпрво мислев дека некој се шегува, особено дека се работи за главната награда – кажа Марјан кога го прашавме како го доживеал известувањето дека е добитник.
Она што сега е сигурно е дека Марјан со избрано друштво ќе ужива во Кападокија и ќе остане наш лојален клиент за сите итни финансиски потреби кои ќе излезат во иднина.
Летната наградна игра на ИутеКредит “Аплицирај и Кулирај” во која учествуваа скоро 2 000 нови клиенти, им донесе среќа на уште 21 учесник кои освоија Sony Bluetooth звучници, GoPro акциони камери и Beko клима уреди.
Им благодариме на сите учесници кои ни се доверија и се уверија во брзината и комфорот на нашите услуги. ИутеКредит ќе продолжи и во наредниот период со нови изненадувања и поволности за сите нови и постоечки клиенти.