Купувањето нов автомобил никогаш не било полесно благодарение на ИутеКредит
26/09/2019

Со автомобилскиот кредит на ИутеКредит имате можност да купите половен автомобил без учество, без каско и без лизинг
Доколку размислувате за купување автомобил сигурно досега ги имате земено во предвид сите чекори и сте сфатиле дека процесот е пообемен од тоа само да го одберете автомобилот кој ви се допаѓа.
Вообичаено, поради недостаток на финансиски средства најчесто се аплицира за кредит во банка. Но, банките бараат многу документација, одредена сума за учество, како и тоа да се работи за купување нов и осигуран автомобил. Дури и кога ќе се исполнат тие услови за автомобилски кредит, сепак ќе биде потребно време банката да одлучи дали да го одобри кредитот. Поради овие и различни други причини банките не се секогаш најдобрата опција, па купувањето автомобил изгледа неостварливо.
Како до автомобил преку ИутеКредит?
Во ИутеКредит сме убедени дека купувањето автомобил треба да биде побрз и поедноставен процес. Затоа нудиме опција да аплицирате за автомобилски кредит само со докажување на постојан приход и со поднесување на апликацијата кај некој од нашите партнери за продажба на автомобили или преку веб-страницата на IuteCredit www.iutecredit.mk/car-loan/ и да добиете одговор за истата по само неколку минути.
Доколку сè уште сте во потрага по нов автомобил, проверете огласените автомобили на продажба на www.pazar3.mk каде директно може да ја пресметате ратата за автомобилски кредит преку ИутеКредит.
За колку време може да се одобри мојот автомобилски кредит?
Во ИутеКредит може да аплицирате за автомобилски кредит само со документ за лична идентификација, да добиете одговор само за 10 минути и да го возите вашиот нов автомобил уште истиот ден. Целата процедура налага минимум потребна документација.