Заштеда до 15% при купување со Mastercard картичката од ИутеКредит
21/10/2019

Комфорниот пристап до финансиски средства и можноста за користење на истите 24/7 се една од главните карактеристики на Mastercard картичката која ИутеКредит почна да ја издава минатиот месец. Од овој месец придобивките од поседување на картичката се уште поголеми. Сите сопственици на картичката ќе можат да ги искористат попустите и да заштедат до 15% при купување производи и услуги во мрежата на трговски партнери на ИутеКредит.
Ги издвојуваме најновите и најактуелни промоции:
15% попуст на специјалистички прегледи во Промедика Медикал Центар
Поликлиниката Промедика Медикал Центар е приватен здравствен центар кој нуди широк спектар на специјалистички услуги, дијагноза, третман и рехабилитација!
Стручниот медицински кадар од различни медицински области со примена на најсовремената медицинска опрема се во можност брзо и адекватно да постават дијагноза и да препорачаат соодветна терапија.
За плаќања со ИутеКредит Mastrercard картичката, добивате 15% попуст на прегледите во една од следниве ординации:
- Орална хирургија
- Интерна медицина
- Офталмологија
- ОРЛ
- Физикална медицина и рехабилитација
- Неврологија
Вкусни специјалитети од врвните кувари на Brick Eat со 10% попуст
Brick Eat е совршено место за релаксација и уживање, ресторан и бар каде што може да пробате специјалитети подготвени од врвни кувари, како и пијалоци направени од професионални бармени.
Лоциран во Хотел Парк на кејот на реката Вардар има пријатена уникатена атмосфера и богато мени со различни специјалитети и пијалоци.
Во BrickEat со ИутеКредит Mastercard картичката добивате 10% попуст на целото мени од кое може да одберете:
- Свежи салати
- Сочни бургери и сендвичи
- Пици и пастрмајлии
- Паста
- Рибни слецијалитети
- Здрави оброци
- Десерти
- И многу други специјалитети
Најнови мобилни телефони и електронски уреди со 5% попуст во Handy
Handy со 24 продажни салони низ државата е една од најснабдените компании за трговија со телекомуникациска опрема. Понудата на производи ги вклучува најновите технологии по исклучително поволни цени.
Во салоните на Handy може да купувате со ИутеКредит Mastercard картичката и да добиете 5% попуст на:
- Мобилни телефони
- Таблети
- Телевизори
- Smart часовници
- Прочистувачи за воздух
- Други електронски уреди
Дополнителен 2% попуст на веќе намалените цени во Прима Мебел
Прима Мебел e најголемиот хрватски ланец на малопродажба и производство на мебел. Овој бренд на македонскиот пазар е застапен со 8 продажни салони и широк асортиман на производи.
Опремувањето на домот со мебелот од Прима Мебел е вистинско уживање бидејќи на едно место клиентите можат да најдат сè што им e потребно. Покрај тоа на своите купувачи им нудат професионална услуга и производи со загарантиран квалитет.
Корисниците на Mastercard картичката од ИутеКредит имаат можност да купуваат во салоните на Прима Мебел со дополнителен попуст од 2% на веќе намалените цени, како и попустот да го искористат за целиот асортиман на производи, кој вклучува:
- Дневни соби
- Спални соби
- Кујни
- Трпезарии
- Детски соби
- Претсобја
Happy цени во сите продажни салони на Neptun
Neptun е најголема малопродажна и дистрибутивна мрежа, која е присутна веќе 20 години на македонскиот пазар. Во моментов е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија.
За најдобро корисничко искуство, Нептун нуди различни услуги на своите клиенти како инстант кредити, осигурување на производите, дополнителни гаранции и разни видови на достава.
Со ИутеКредит Mastercard картичката, корисниците добиваат Happy цени во сите продажни салони, каде можат да одберат:
- Бела техника
- Апарати за домаќинство
- ТВ/Аудио/Видео
- Компјутери
- Телефони
- Фото апарати и камери
- Производи за нега и убавина
- Ладење и греење
Со цел овозможување најдобро корисничко искуство, листата на трговски партнери на ИутеКредит кои ќе понудат дополнителни попусти постојано ќе се дополнува со различни категории на производи и услуги.
Сите оние кои се уште немаат Mastercard картичка од ИутеКредит, истата можат да ја добијат со апликација за кредит online на https://iutecredit.mk/mastercard/ или директно во една од експозитурите на ИутеКредит во Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Струмица или Битола.