Подарок со секоја одобрена апликација за кредит во ИутеКредит на Winterland!
17/12/2019

Предпразничното расположение овие денови е на навистина високо ниво. Тоа особено може да се забележи на плоштадот Македонија во центарот на Скопје каде што до крајот на месец декември се одржува новогодишниот базар Winterland 2020.
ИутеКредит е дел од овие случувања со своја експозитура во една од дрвените куќички во рамките на базарот која работи секој ден од 12 до 20 часот.
Сите посетители можат да аплицираат за брз кеш кредит само со документ за лична идентификација, а ќе им биде одобрен веднаш. Парите ќе бидат исплатени веднаш на трансакциска сметка, а за да се користат веднаш може да се исплатат и на Mastercard картичката од ИутеКредит со која може да се плаќа било каде и да се повлекуваат пари од било кој банкомат.
Бидејќи е сезона на подарување, ИутеКредит им овозможува на сите корисници на кои ќе им биде одобрен кредит во екзпозитурата на Winterland, да добијат подарок!
Се гледаме на Winterland, секој ден до 31.12, од 12 до 20 часот!