ГРАТИС Mastercard картичка од ИутеКредит за празничен шопинг
23/12/2019

Празничната еуфорија традиционално во овој период од годината е највисоко ниво. Новогодишни прослави, семејни слави, подароци за најблиските, дочек на Нова Година, планирање на зимски одмор, се само дел од веселата атмосфера, но истовремено и оптоварување на личниот и семејниот буџет.
Како би излегле во пресрет на безгрижен дочек на празниците, ИутеКредит нуди можност за брзо остварување на сите желби преку пристап до парични средства 24/7 со Mastercard картичката, која сите корисници на кредит ќе можат промотивно да ја добијат бесплатно.
Како до гратис Mastercard картичка?
Сите нови клиенти промотивната понуда може да ја реализираат со поднесување апликација за кредит од 3 000 до 30 000 денари со период на отплата до 12 месеци. По одобрување на апликацијата, парите се исплаќаат на Mastercard картичката која може да се подигне веднаш од експозитурите на ИутеКредит.
Постоечките клиенти пак, може да ја добијат картичката со одобрена апликација за кредит и во поголеми износи, односно кеш кредити до 100 000 денари и можност за отплата до 24 месеци.
Дополнително, може да се искористи и новата понуда за рефинансирање со кредит до 100 000 денари и промотивната каматна стапка од 1% која ќе важи до 08.01.2020 година.
Каде може да се користи картичката?
Со Mastercard картичката од ИутеКредит сите корисници имаат пристап до пари во било кое време, 24/7. Истата може да се користи во сите продажни места каде што е овозможено плаќање со Mastercard, да се повлекуваат пари од сите банкомати или да се купува онлајн.
Исто така, со картичката може да се добие и дополнителен попуст до 15% при плаќање кај трговските партнери на ИутеКредит.
Кој може да аплицира?
Може да аплицираат нови и постоечки клиенти на возраст од 18 до 75 години кои имаат трансакциска сметка, докажан прилив на средства и позитивна кредитна историја.
Апликација може да се поднесе во било кое време онлајн на www.iutecredit.mk, телефонски на 13 333 или во експозитурите на ИутеКредит, а истата ќе биде процесирана веднаш.
Понудата за ГРАТИС Mastercard картичка ќе важи до 08.01.2020.