Интернационалната финтек компанија за микро кредитирање ИутеКредит отвори нова бизнис линија во Бугарија, тоа е шестти интернационален пазар за компанијата. 

Генералниот извршен директор на ИутеКредит Европа, Тармо Силд изјави дека компанијата е горда што е во можност да ги донесе брзите и едноставни финтек услуги на нов амбициозен пазар. „Возбудени сме да го донесеме нашето најдобро знаење во Бугарија и да започнеме да ги нудиме брзите кредити, кои ќе им овозможат на граѓаните на Бугарија да купуваат производи или да платат услуги кои го подобруваат квалитетот на животот“ изјави Силд.

Силд објасни дека кредитот на рати е заем каде основицата, каматата и провизијата мора да бидат отплатени според месечен договорен распоред од двете страни. „Кредитните продукти на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата од 1 до 36 месеци и кредити обезбедени со возило со рок на отплата до 60 месеци. Меѓутоа, нашите кредитни продукти не треба да бидат помешани со кредитите со едномесечен рок на отплата и високи каматни стапки, бидејќи тоа е друг вид на услуга, кој ние не го нудиме.“ кажа Силд.

Генералниот извршен директор на ИутеКредит Бугарија, Калојан Радославов, изјави дека покрај тоа што реално започнуваат сега со работа, тимот веќе се чуствува горд на постиганатиот успех во стратешкиот раст на ИутеКредит групацијата. „Нашата мисија е да креираме исклучително корисничко искуство во финансирањето на физички лица, со надминување на очекувањата на клиентите.“ изјави Радославов.

ИутеКредит планира да отвори 5 еспозитури во 4 градови во Бугарија, до крајот на 2021 година. Со цел да аплицираат за кредит, клиентите треба да дојдат во локалната експозитура на ИутеКредит со потребните документи, како лична карта или пасош. Потоа, кога корисникот е веќе регистриран може да аплицира за кредит online или телефонски. Повеќе информации за тоа како може да аплицираат корисниците во Бугарија има на нивната веб страна www.iutecredit.bg.

ИутеКредит е интернационална финтек компанија за микро кредитирање со седиште во Талин – Естонија. Компанијата е фокусирана на кредити на рати, вклучувајќи и автомобилски кредит, а просечниот рок на отплата на кредитите е една година.

ИутеКредит е основана во 2008 година и е лидерска компанија за микрокредитирање во Европа со биланс на состојбата од 100 милиони евра и повеќе од 200 000 активни корисници. Компанијата го зголемува своето финансирање со јавно тргувани обрзници на Франкфуртската берза.

Компанијата работи во Молдавија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и сега во Бугарија. Портфолиото на бизнис партнери на ИутеКредит вклучува државни поштенски услуги, интернационални телеком оператори како Orange, VodaFone, Deutsche Telekom, продавници за електорника итн.

Слики од отварањето на ИутеКредит експозитурата во Бугарија: https://photos.app.goo.gl/GmRmMfBwp5ELdV486 

Дополнителни информации:

Прес центар на ИутеКредит press@iutecredit.com