ИутеКредит е секогаш достапен и со вас
16/03/2020

Ги потсетуваме сите постоечки и потенцијални клиенти кои имаат финансиска потреба, дека ИутеКредит им нуди повеќе канали на располагање за поднесување апликации за кредит, информации и корисничка поддршка.
Подеднакво се грижиме за нашите клиенти и за нашите вработени и достапни сме од било кое место и во секое време од денот. Како фин-тек компанија, сите наши потенцијални и постоечки клиенти можат лесно да аплицираат од удобноста на сопствениот дом, со користење на дигиталните канали, како што е нашата веб-страна www.iutecredit.mk, телефонски на бројот 13 333, на е-мејл info@iutecredit.mk или да стапат во контакт преку профилите на ИутеКредит на социјалните мрежи.
По одобрување на апликација, потребните финасиски средства се исплаќаат веднаш на трансакциска сметка во банка или на Мастеркард картичката од ИутеКредит.
Кредитните референти ќе продолжат да бидат на располагање на сите клиенти со цел да го направат процесот на одобрување на кредитите многу побрз и удобен и да понудат најдобро корисничко искуство во новонастатаната ситуација со корна вирусот COVID-19.