Во насока на почитување на препораките за спречување на ширење на корона вирусот CОVID-19 и заштита на своите клиенти и вработени, ИутеКредит воведува привремено вонредно работно време на своите експозитури. Во периодот кој следи, сè до дополнително известување, сите експозитури ќе работат до 17 часот.

Работното време ќе биде според доленаведниот распоред, а промените се назначени со црвено.

Контакт центарот на ИутеКредит ќе работи без промени, односно достапен е 24/7 телефонски на 13 333, на е-маил info@iutecredit.mkи преку социјалните мрежи.

Препораки за комуникација и совети за посета на експозитурите

ИутеКредит препорачува корисниците да се насочат кон дигиталните начини на комуникација и доколку е можно да се избегне посетата на ескпозитурите. Во случај да имате потреба да посетите некоја од експозитурите, Ве молиме почитувајте ги препораките.

  • Доколку во моментот има повеќе од двајца корисници, почекајте за да влезете.
  • При посета на експозитурата, користете ги геловите за дезинфекција и бидете на соодветно растојание од вработените и другите корисници.

Аплицирањето за кредит корисниците можат да направат ОНЛАЈН и одговор за барањето ќе добијат само за неколку минути.

Доколку корисниците имаат потреба да ја проверат состојбата на својот кредит, истото можат да го направат преку МОЈ ИУТЕ. Најавата на Мој Иуте можете да ја направите со внесување на датумот на раѓање и бројот на договорот за кредит (бројот што е запишан на картончето доколку сте аплицирале во експозитура или бројот кој сте го добиле на СМС порака, доколку сте аплицирале оналајн).

За сите информации и прашања и понатаму достапни сме 24/7 на 13 333, info@iutecredit.mk или на социјалните мрежи.