Избегнете го коронавирусот без допирање на носот и устата
23/03/2020

ИутеКредит се грижи за вас и вашето здравје. Во овие комплицирани времиња сите сме одговорни да информираме што е можно повеќе за да заеднички избегнеме ширење на зараза со коронавирусот. Ви споделуваме едноставни препораки за ваша безбедност како и безбедност на вашите најблиски.
Дали знаете дека кога станува збор за ризик од инфекција со коронавирусот (COVID-19), допирањето на носот и устата е потенцијална закана негово брзо пренесување?
Според студиите, луѓето се едни од ретките животински видови познати по допирање на лицето, кое што честопати несвесно го правиме. Студиите покажуваат дека луѓето најчесто ги допираат брадата, деловите околу устата, носот и очите, и тоа несвесно најчесто при искажување на сопствените емоции.
Сепак, ова е еден од „најдобрите“ начини за заболување, бидејќи во нашето опкружување и контакт со други луѓе често сме изложени на бактерии и вируси. Согласно тоа, рацете лесно се контаминираат и при допирање на лицето, лесно може да го пренесат вирусот во телото кој понатаму ќе почне да делува.
Што можете да направите за да ја избегнете оваа навика и инфекција?
Најдобро е прво да ја спречите секоја намера да ги допрете носот и устата и свесно да се откажете. Но, ако тоа навистина се случи на начин на којшто не забележувате, еве неколку предлози:
- Правилна хигиена на рацете. Мијте ги рацете редовно и темелно со триење употребувајќи средства на база на алкохол или измијте ги со сапун и вода. Миењето на рацете со сапун и вода делува ефикасно против вирусите што можат да бидат на вашите раце.
- Практикувајте респираторна хигиена. Бидете сигурни дека ги покривате устата и носот со свиткан лакт или шамивче за еднократна употреба кога кашлате или кивање наместо со рака. По користење, фрлете го шамивчето во затворена корпа за отпадоци.
- Носете маска. Следете ги насоките од СЗО (Светска здравствена организација) за тоа како правилно се носи маската за да можете да останете безбедни и да не се заразувате. Ова ви помага да бидете безбедни додека сте надвор од дома и доколку имате навика да го допирате лицето.
- Избегнувајте физички контакт. Ако е можно, останете дома. Ако не, обидете се да избегнете физички контакт со други лица, како на пример при поздравување. На пример, безбедно поздравување може да направите со гестикулација со главата или раката од длечина. Исто така, обидете се да изберете период од денот кога се очекува помала фреквенција на луѓе таму акде што имате потреба да отидете.
- Практикувајте онлајн комуникација и услуги. Услугите на ИутеКредит се достапни во секое време и од секое место. Опцијата да аплицирате за кредит онлајн или да побарате совет преку дигиталните канали на комуникација, ви помага да го намалите физички контакт со други лица и потребата да ја напуштите удобноста на вашиот дом, а со тоа и ја намалува изложеноста на вирусот. Едноставно, посетете ја нашата веб-страница на iutecredit.mk и да поднесете ја вашата апликација за кредит. Дополнително може да нè контактирате на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, да ни испратите е-мејл на info@iutecredit.mk или да се јавите на телефонскиот број 13 333 за какви било прашања поврзани со нашите финансиски услуги.
Останете здрави!