Согласно одлуката на Владата со која се забранува движење на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 до 05 часот наутро, како мерка за заштита од коронавирусот COVID-19, ИутеКредит воведе привремено вонредно работно време за викенд на сите експозитури.

Почнувајќи од овој викенд (28.03 – 29.03.2020) сè до дополнително известување, ИутеКредит експозитурите во сабота ќе работат од 09 до 13 часот, а во недела ќе биде затворена и експозитурата во Скопје – Центар (бул. Партизански Одреди бр.14А-4).

Промените на работното време според известувањето на 18.03.2020 и 26.03.2020 се назначени со црвено во табелата во продолжение.

ИутеКредит продолжува да биде достапен 24/7 телефонски на 13 333, на е-маил info@iutecredit.mkи преку социјалните мрежи.