Како до потребните производи и услуги од дома?
27/03/2020

Во ИутеКредит веруваме дека еден од најдобрите начини да се справиме со кризата поврзана со коронавирусот е да споделуваме информации од корист на нашите клиенти и да ги потсетиме на постапките коишто треба да се преземаат за да се спречи ширењето на заразата.
За време на оваа ситуација, важно е да се биде во изолација и по можност да се работи од дома доколку постои таква можност.
Домашната изолација е особено важна доколку вие или луѓето коишто живеат со вас имаат симптоми на коронавирусот COVID-19. Тоа подразбира избегнување фреквентни јавни места, намалено користење јавен превоз, откажување од сите посети во вашиот дом, дури и ако се работи за блиски пријатели или семејство, како и избегнување фреквентно излегување за набавка на храна или лекови. Користете го вашиот двор или природата за рекреација, но сепак внимавајте да бидете на физичко растојание од 2 метри со другите луѓе. На овој начин се штитите себеси и вашите најблиски од ширење на вирусот којшто може да се пренесе од контакт со надворешната околина. Сепак, состојбата на домашна изолација не нè спречува да ги вршиме секојдневните активности, имајќи во предвид дека многу од работите ни се достапни на Интернет.
Планирајте однапред
Ако треба да останете дома подолг временски период, испланирајте ги вашите потреби за да може да избегнете фреквентно излегување за основни потреби. Планот нека ги вклучи потребите за исхрана и генерално потребите на вашето домаќинство. При купување не треба да се претерува, бидејќи сè уште има доволно залихи во продавниците и не мора да се складираат огромни количини на одредени артикли одеднаш. Покажете одговорност и за другите, како и за целокупното опкружување!
Преферирајте Интернет услуги
За среќа, во денешно време можеме да ги задоволиме нашите потреби целосно преку Интернет или преку телефон – дури и ако тоа е потреба за храна или лекови. Кога се во прашање финансиските услуги, имајте на ум дека услугите на ИутеКредит се секогаш достапни од било кое место. Нашите услуги ви овозможуваат да избегнете физички контакт без да ја напуштите удобноста на вашиот дом, заштитени од изложеност на коронавирусот. Едноставно, постете ја веб страната www.iutecredit.mk за да поднесете апликација или да ја проверите состојбата на кредит. Исто така можете да нè контактирате преку социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм или телефонски на 13 333 за какви било прашања што може да ги имате во врска со нашите услуги.
Прашајте производите дали може да се достават
Кога нарачувате на Интернет, осигурете се дека доставата е согласно препорачаните мерки за заштита и без физички контакт со доставувачот. Ако домашна достава не е достапна, размислете како да ја намалите интеракцијата со други луѓе и внимавајте да одржите доволно растојание од минимум 2 метри.
Останете здрави!