Една од основните препораки на здравствените организации за време на тековната пандемија на коронавирусот COVID-19 е да се одржи социјалната дистанца, со што би се избегнало ширење на вирусот. Како секојдневно да се придржуваме кон оваа мерка за време на вирусот?

Важно е да се спомене дека социјалното одалечување и самоизолацијата се толкуваат на различни начини, кои не секогаш се точни. Во пракса, ова всушност значи мерка на подготвеност на поединецот да се оддалечи од другите, да избегне ширење на вируси и бактерии и да ја намали изложеноста на нив. Како резултат на тоа, во многу земји училиштата се затворени, се откажуваат големи настани, спортските центри се затворени и услугите за клиенти физички не се отворени или се со скратено работно време.

Останете дома. Не излегувајте од дома, освен ако не морате, обидете се да не се гледате со други луѓе надвор од семејството – на пример, во периодот што следи немојте да ги поканувате пријателите во својот дом или пак да ги посетувате пријателите.

Обезбедете ги потребните производи и услуги на Интернет. Доколку не сте позитивни на коронавирусот, понекогаш може да излезете надвор за да купите производи и услуги, како основни намирници и да завршите неодложливи обврски. Но и во тој случај треба да го ограничите движењето на минимум. На пример, ИутеКредит е достапен 24/7 во било кое време, од било кое место. Апликација за кредит можете да направите online, со тоа го избегнувате физичкиот контакт и не ја напуштате удобноста на вашиот дом. Исто така на тој начин се заштитувате да бидете изложени на ризик од вирусот. Едноставно посетите го веб сајтот www.iutecredit.mk и пополнете ја апликациската форма, исто така достапни сме 24/7 и можете да контактирате со нас преку Facebook, Instagram или телефонски на 13 333.

Комуницирајте online. Одржувањето на социјална дистанца не мора да значи прекинување на целата комуникација. Благодарение на различните платформи за комуникација, социјалните медиуми, како и стариот добар телефон, вие сè уште сте во можност да останете во контакт со вашите пријатели и најблиски, без да го загрозувате здравјето на другиот. Исто така, можете да ги користите онлајн платформите за успешна работа од дома – веројатно многу од вас веќе ги користат секој ден.

Кога сте во јавност, избегнувајте близок физички контакт. Колку што е можно обидете се да избегнете физички контакт за да не се заразите, особено избегнувајте го блиското поздравување со луѓето. Тоа значи да се задржи растојание од 2 метри. Запомнете, безбедно поздравување вклучува мавтање или климнување! Исто така, при посета на продавница или аптека, обидете се да одберете време кога се движат помалку луѓе. И не заборавајте правилно да ги миете или дезинфицирате рацете потоа.

Носете маска. Ако сè уште не сте купиле маска, купете ја во аптека и проверете ги препораките од СЗО (Светска здравствена организација) за правилна употреба, за да се осигурате дека маската ја користите правилно. Тоа ви помага да бидете безбедни, во случај кога не можете да избегнете контакт со други лица.

Останете здрави!