Како правилно да ги миете рацете за да избегнете коронавирус?
03/04/2020

ИутеКредит тимот верува дека најдобриот начин да се зашитиме од коронавирусот е да се споделуваат корисни информации, кои ќе ни помогнат подобро да ги разбереме потребните чекори за избегнување на вирусот. Како што сигурно сте прочитате и слушнале од голем број на медиуми, правилното миење на рацете е исклучително важно.
Правилното миење на рацете може да изгледа малку поразлично од она што сте навикнати да го правите секојдневно. За време на пандемијата на коронавирусот, важно е да знаете кој е вистинскиот начин за миење и дезинфекција на рацете за да се избегне инфекција.
Како што веројатно сте слушнале: чистите раце штитат од инфекција од коронавиусот. Секојдневно сме изложени на различно опкружување и физички контакти, но сега, повеќе од кога било, треба да се грижиме за нашата безбедност.
Со цел да се заштитите за време на пандемијата на COVID-19 коронавирусот, обидете се да избегнувате физички контакт колку што е можно, за да не се заразите – особено преку поздравување и среќавање на другите луѓе. Во овие моменти, фокусирајте се на online комуникацијата.
ИутеКредит е достапен 24/7 од било каде и можете да аплицирате online за кредит и да го избегнете физичкиот контакт. Посетете го веб сајтот www.iutecredit.mk и аплицирајте online или контактирајте нè преку социјалните мрежи Facebook и Instagram, телефонски на 13 333 или на е-маил info@iutecredit.mk.
Доколку сепак треба да излезете од домот, не заборавајте да ги миете редовно рацете. Тоа вклучува миење со сапун и вода, а потоа темелно да ги исушите. Истото треба да го правите често и кога сте дома.
Што значи да ги миете рацете правилно?
Не брзајте. За да бидете сигурни дека сапунот делува соодветно и ги елиминира сите бактерии на вашите раце, СЗО (Светска здравствена организација) препорачува да ги измиете рацете сè додека не ја испеете Happy Birthday двапати или не изброите до 20 секунди – не премногу брзо!
Исчистете ги рацете комплетно. Според препораките на СЗО, прво тријте ги дланките. Потоа, поставете ја десната дланка преку левата и тријте ги со прстите испреплетени. Повторете ја постапката само со надворешноста на рацете. Направете ротационо триење на палците и потоа измијте ги рацете со ротирачки движења на дланките.
Пешкири за еднократна употреба. Ако е можно, избришете ги рацете со пешкир за еднократна употреба. Истиот пешкир можете да го користите при затворање на чешмата.
Бидете сигурни дека имате средство за дезинфекција во џебот или торбата ако не сте во можност да ги миете рацете. Тоа може да ви помогне одредено време. Користењето на препарати за дезинфекција врз основа на алкохол ги уништуваат вирусите кои можат да бидат на вашите раце.
Останете здрави!