Почнувајќи од денес 08.04.2020, сè до дополнително известување експозитурите на ИутеКредит ќе работат со променето работно време. Промената на работното време е направена согласно одлуката на Владата донесена како мерка за заштитa од COVID-19, со која се забранува движење на ниво на целата држава од 16 до 5 часот од понеделник до петок и целосна забрана за движење за време на викенд.

Експозитурите во Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Битола од понеделник до петок ќе работат од 08 до 15 часот, а за време на викенд нема да работат. Промените на работното време според последното известување се назначени со црвено во табелата во продолжение.

Контакт центарот на ИутеКредит продолжува да биде достапен 24/7 телефонски на 13 333, на е-маил info@iutecredit.mk и преку социјалните мрежи.