Во тек е 10 дневниот рок на важност на понудата од ИутеКредит за промена на договорните услови со кои е предвидено надминување на финансиските потешкотии за сервисирање на кредитните обврски, предизвикани од пандемијата на COVID-19.

Согласно објавената Понуда за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност од страна на корисниците на кредити, сите оние кои НЕ ја прифаќаат понудата и сакаат да продолжат со редовна отплата на кредитните обврски потребно е да испратат известување до финансикото друштво наведувајќи потребните податоци согласно инструкциите во истата.

Со цел да се овозможи најбрзо и најкомфорно процесирање на барањата за одбивање на понудата, направивме онлајн форма со потребните податоци за процесирање на известувањето.

За сите клиенти кои нема да поднесат известување за одбивање на понудата по пошта или електронски во предвидениот рок до 19.04.2020, истата ќе се смета за прифатена.