Рестриктивните мерки за заштита од COVID-19 се сè уште дел од нашето секојдневие. ИутеКредит како општествено одговорно финансиско друштво од самиот почеток на оваа ситуација се придржува до истите овозможувајќи им на своите клиенти најбезбедна финансиска услуга, најбрзо и најкомфорно.

Бројни поволности и безбеден пристап до пари 24/7 со Mastercard

Mastercard картичката од ИутеКредит овозможува повеќе поволности за безбедно управување со средствата, кои ја намалуваат потребата од физички контакт и движење на фреквентни локаци како главни превентивни мерки за заштита од COVID-19.

ИутеКредит овозможува исплата на брз кеш кредит директно на картичката, така што средствата се достапни за користење веднаш и во било кое време.

Со картичката е овозможено бесконтактно плаќање на продажни места (POS терминали), купување и нарачки на интернет, како и подигање пари од било кој банкомат со што се намалува потребата од посета на банка за подигање на пари од сметка.

Оние кои веќе ја поседуваат, се препорачува да ги користат овие поволности, додека новите клиенти и оние кои сè уште ја немаат, картичката може да ја добијат со нивната следна одобрена апликација за кредит. Истата може да биде доставена преку директна испорака во рок од 24 часа, доколку корисникот нема можност да ја подигне од експозитура.

Во однос на актуелната понуда за кредитирање, новите клиенти на ИутеКредит имаат можност да аплицираат за брз кеш кредит до 10 000 денари со период на отплата до 6 месеци, додека пак понудата за постоечките клиенти е кредит до 30 000 денари и рок на отплата до 12 месеци.

Начин на аплицирање и одобрување на кредит

Со цел побрза и побезбедна услуга, ИутеКредит ги охрабрува своите клиенти да ги користат онлајн каналите како најбрз и најбезбеден начин за аплицирање за кредит и комуникација, директно од удобноста на домот.

Апликација за кредит може да се направи на веб сајтот www.iutecredit.mk, а за сите постоечки клиенти и телефонски на 13 333.

На располагање се и експозитурите на ИутеКредит во поголемите градови низ државата, чиешто работно време се адаптира согласно промените во мерките за ограничено движење донесени од Владата.

Контакт центарот на ИутеКредит е достапен 24/7 за сите информации и прашања поврзани со услугите телефонски на 13 333, преку е-маил на info@iutecredit.mk или преку социјалните мрежи.