Групацијата ИутеКредит покажа силни резултати во првото тромесечие од 2020 година
05/05/2020

Интернационалната фин-тек компанија со потекло од Естонија – ИутеКредит Груп, покажа успешни резулатати во првото тромесечие од 2020 година со пораст на бруто кредитното портфолио за 4%, односно на 96 милиони евра и заработка пред оданочување и амортизација (EBITDA) зголемена за речиси 32%, на 5.4 милиони евра.
Според извршниот директор на ИутеКредит групацијата, Тармо Силд резултатите од првиот квартал на 2020 се задоволителни и речиси во согласност со целите на компанијата. „ИутеКредит групацијата покажа висок процент на зголемување на своето кредитно портфолио на годишно ниво, привлече повеќе корисници, а корисниците одржуваа добра дисциплина за отплата. Сè на сè, тоа резултираше во нето добивка од 1,5 милиони евра. Прилагодено со загубите на девизниот курс, нашиот нето резултат изнесува 3.7 милиони евра“ изјави Силд.
Силд додаде дека извештајот за првите три месеци ја покажува сликата од претходниот период. „Како резултат на предизвиците предизвикани од пандемијата на Covid-19, стратегискиот и оперативниот пристап во вториот квартал од 2020 и понатака е многу порелевантен“
„Паричните текови во моментов имаат пресудна функција во управувањето, како обемот и цената на издадените кредити и нашите опреативни трошоци. Со други збориви, новите кредити на потрошувачите може да бидат одобрени само до оној степен каде ги исполнуваме целите за отплата и намалените оперативни трошоци“ објасни Силд.
Готовината на групацијата достигна речиси 9 милиони евра (8% од билансот на состојбата) до крајот на март, а уделот на готовината во балансот на состојбата се очекува да надмине 12% до крајот на Q2 (второто тримесечје). „Тоа е историско ниво, кое што е резултат на горенаведените активности“ кажа Силд.
Според Силд, во исклучително динамично опкружување за работа, основна цел на менаџментот на ИутеКредит е да ги одржува двете страни еднакво, капиталот за кредити и гарантираната камата за капиталните инвеститори. „За да се постигне целта, компанијата мора да има минимална разлика за 2020 година. Истовремено собираме и анализираме обемни податоци за да го поставиме работењето на ИутеКредит по Covid-19. Убедени сме дека побарувачката за потрошувачки кредити, поткрепена со индивидуална заработка повторно ќе расте во иднина. Моменталниот предизвик е да се изгради мост од денес до таа иднина. ИутеКредит е добро подготвен да го намали финансиското влијание на Covid-19 и да расте по кризата, во новата нормала“.
„Имајќи ги во предвид предизивиците со кои се соочува општеството, а кои се комплетно поврзани со непредвидливниот развој на Covid-19, убедени сме, со доза на комерцијална претпазливност, дека нема да можеме да ги постигнеме комплетно првично поставените цели за 2020 година. Економското влијание на пандемијата не може детално да се утврди или веродостојно да се квантифицира, затоа очекуваме резултатите од работењето на ИутеКредит да бидат под оние од претходната година.“ додаде Силд.
Комплетниот неревидиран извештај за првото тримесечје од 2020 година е достапен на следниот линк – https://iutecredit.com/wp-content/uploads/2020/05/200504_IuteCredit_3M2020_report.pdf
Дополнителни информации:
Прес центар на ИутеКредит press@iutecredit.com