Која е разликата помеѓу микро-кредит и заем?
19/05/2020

Како фин-тек компанија за микрокредитирање на физички лица, ИутеКредит има повеќе од 200 000 активни клиенти во Европа. Постоечките и сите потенцијални клиенти, секогаш ги информираме за природата и карактеристиките на кредитните продукти кои ги нудиме.
Накратко, нашиот бизнис е микро-кредитирање, поточно издавање кредити со помали износи со можност за отплата на еднакви месечни рати. Нашата филозофија е да понудиме финансиска сигурност на оние со поскромни финансиски можности, бидејќи веруваме дека дури и мала сума на кредит може да помогне да се постигне повеќе или да се постигнат позитивни промени во животот на луѓето.
Кредитите со можност за отплата на рати им овозможуваат на нашите клиенти да купуваат производи или да плаќаат за услуги што ќе го подобрат нивниот квалитет на живот, како што на пример може да биде нов компјутер или нов апарат за домаќинство. Кредитот на рати претставува заем каде што главнината, каматата и другите надоместоци мора да бидат отплаќани според претходно договорен амортизационен план. Кредитните продукти на ИутеКредит се со рочност од 1 до 12 месеци. Сепак, во јавноста често настанува забуна и поистоветување со краткорочните брзи кредити и затоа потребно е да се има во предвид разлика во условите, бидејќи ваквите краткорочни кредити не се дел од понудата на ИутеКредит.
Она што е најважно, е дека финансирањето преку ИутеКредит им овозможува на луѓето да подигнат мали износи на кредит, но сепак безбедно, со транспарентен приказ на трошоци и во согласност со етичките практики за кредитирање.
Прочитајте повеќе за нашата филозофија и кредитна понуда на www.iutecredit.mk
Што е кредит со краток рок на отплата и како се разликува од микро-кредитирањето на ИутеКредит?
Кредитот со краток рок на отплата или таканаречен ‘заем’ (анг. payday loan) е еден вид краткорочно финансиско позајмување со висока каматна стапка, во зависност од кредитниот профил на барателот. Износот на заемот обично зависи од следната плата на барателот, за којашто заемодавателот бара релевантни податоци презентирани во целост, кој исто така може да наплати и високи каматни стапки за заемот. Во финансиската индустрија ваквите кредитори се сметаат за предаторски, поради високите камати и скриени клаузули во договорите коишто на крајот ќе резултираат со поголеми трошоци за барателите на заем.
За разлика од нив, микро-кредитите со можност за отплата на повеќе рати генерално се сметаат за побезбедни и поприфатливи од краткорочните заеми кои може да ви предизвикаат дополнителни потешкотии ако заостанувате со вашите исплати или се соочувате со други финансиски проблеми.
Иако на Интернет може да се најдат најразлични информации за типовите на кредити, важно е кога ги споредувате различните опции, да го знаете вашиот капацитет и финансиски статус во однос на износот на пари што треба да го земете и можноста да ги покриете обврските кои ќе настанат. Исто така, обрнете внимание на каматните стапки и сите дополнителни трошоци што ќе треба да ги платите при земање на кредит.
Ако имате какви било прашања во врска со услугите за микро-кредитирање од ИутеКредит, не двоумете се да нè контактирате! Доволно е да го посетите нашиот онлајн кредитен калкулатор на www.iutecredit.mk, да испратите барање за кредит на info@iutecredit.mk, да се јавите на телефонскиот број 13 333 или директно да посетите некоја од нашите експозитури.
Ние сме достапни секогаш и од било кое место, нудејќи ги нашите услуги онлајн, без потреба да ја напуштите удобноста на вашиот дом.