Исклучителното корисничко искуство е една од главните вредности на ИутеКредит која се темели на најбрза и најкомфорна финансиска услуга. Согласно навиките и потребите на клиентите, отсега ИутеКредит воведува уште еден канал на комуникација – Viber!

Преку официјалниот Viber профил на ИутеКредит сите нови и постоечки клиенти ќе можат да комуницираат директно со советниците за клиенти,  за сите информации и прашања. Дополнително преку комуникацијата со ИутеКредит на Viber, може брзо и лесно да се најдат одговори на често поставуваните прашања, да се пристапи до информативна пресметка на рата или пак да се добијат повеќе информации за ИутеКредит експозитурите.

Ако имате потреба да разговарате директно со советниците за клиенти  преку Viber, потребно е да се регистрирате и да ја одберете опцијата „Разговарај со нас“.

Официјалниот Viber канал на ИутеКредит може да го заследите на следниот линк viber://pa/?chatURI=iutecreditmk.

Доколку имате прашања околу начинот на којшто оваа комуникација функционира, побарајте објаснување телефонски на 13 333 или преку е-маил на info@iutecredit.mk.

Согласно превентивните мерки за заштита од COVID-19 кои сѐ уште траат, ве советуваме да ги користите дигиталните канали за комуникација со ИутеКредит, кои покрај новата опција на Viber ги вклучуваат, Facebook и Instagram, како и добро познатиот начин за поднесување онлајн апликација за кредит на www.iutecredit.mk.