5 совети за подобрување на вашите лични финансии
01/06/2020

Во одреден момент од животот, секој од нас сонува за поголем приход. Без разлика колкав е износот на вашата плата, во продолжение се неколку совети како да направите најмногу од тоа што го имате. Секојдневните трошоци, како режиските и оние за храна го опфаќаат најголемиот дел од нашите месечни буџети. Поради тоа секојдневно правиме математички вежби за да сфатиме како до имаме повеќе пари за активностите кои нè прават среќни и исполнети.
ИутеКредит сака да помогне со неколку корисни совети за добри финансиски навики. Како компанија за микрокредитирање се фокусираме на кредити на рати, со просечен рок на отплата од 18 месеци. Станавме водечка компанија за микрокредитирање во Европа со повеќе од 200 000 активни корисници. Во продолжение ви споделуваме неколку корисни совети за подобрување на вашите лични финансии.
Дознајте што навистина плаќате
Кога последен пат ги пребаравте и разгледавте детално вашите сметки и фактури? Иако можеби ги знаете вкупните трошоци за вода, струја, греење и мобилни услуги, корисно е повремено да ги разгледате вашите сметки и претплати за да знаете точно за што плаќате. Следно, проверете што нудат другите даватели на услуги. Можеби има трошоци кои можете да ги скратите. Можеби друг мобилен или Интернет провајдер ќе ви понуди подобра понуда. Веројатно изгледа несоодветно и одзема многу време да побарате различни понуди и да преговарате за условите со различни даватели на услуги, но тоа веројатно ќе ве донесе до победничка ситуација!
Дали сте искрени во врска со вашето трошење?
Сите добри водачи за управување со буџетот започнуваат со совет за запишување на приходите и расходите, односно трошоците. Поради здодевноста на задачата, честопати го игнорираме овој дел и не се соочуваме со непријатната вистина. Сепак важно е да сте свесни за износот на поголемите и помалите трошоци. Веројатно полесно е да го следите трошењето неделно, со цел да можете да реагирате брзо доколку е потребно.
Дополнителен совет! Бидете сигурни дека ќе ги забележите трошоците кои се повторуваат за кратко време. Тоа може да биде сметка од бар преку еден викенд или 100 денари трошок дневно за кафе. Доколку штедите 100 денари дневно, можете да заштедите повеќе од 500 евра годишно. Замислете која би била сумата, доколку можете да скратите и други трошоци! Сите имаме свои омилени нешта во животот и понекогаш може да не ги забележуваме парите кои ги плаќаме за тие мали или големи желби. Додека го читате овој текст, веројатно веќе размислувате дека и вие имате ваков вид на трошоци.
Поставете само една цел
Откако ќе ја разгледате моменталната ситуација на полето финансиски средства, време е да се постават цели за да ги видите придобивките од штедењето кога ќе ги исполните целите. Доколку ова го правите за прв пат, поставете само една цел – можеби сакате да заштедите за авионски билет или за нов автомобил. Доколку во моментов немате определно нешто специфично за кое би штеделе пари, размислете за формирање на фонд за итни случаи, за времињата кои се надеваме дека никогаш нема да дојдат. Фондот за итни случаи е мудар избор доколку сте во брак или пак имате семејство за кое треба да се грижите. Никогаш не може да знаете кога ќе им биде потребна вашата поддршка и ќе може да им помогнете едноставно со тоа што ќе имате доволно финансиски средства.
Разгледајте ги опциите, поставете приоритети
Можно е да се случи откако ќе ги разгледате приходите и трошоците да констатирате дека е многу тешко да заштедите, да имате слободни пари или да соберете значителна сума на пари за пократок временски период. Тоа може да се случи и во ред е – парите се само алатка за постигнување на вашите цели, не цел сама по себе. Се случува луѓето да имаат потреба да направат одредена набавка или инвестиција и откако ќе ги разгледаат финансиите, заклучуваат дека немаат доволно ресурси.
Во овие моменти средствата може да бидат обезбедени од доверливи компании за кредитирање, како што е ИутеКредит кој е достапен 24/7 – сè што треба да направите е да ја пополните апликациската форма, а за тоа ќе ви биде потребно само 1 минута. Аплицирањето можете да го направите online на www.iutecredit.mk или во најблиската експозитура. Во рок од 10 минути ќе добиете информација во врска со вашето кредитно барање. Потоа треба само да ја подигнете ИутеКредит Mastercard картичката од најблиската експозитура или да ја одберете опцијата за лична достава на Mastercard, а парите ќе бидат достапни веднаш за користење.
Доколку имате прашања поврзани со услугите на ИутеКредит, посетете го сајтот www.iutecredit.mk, пишете ни на е-маил на info@iutecredit.mk или посетете ги нашите експозитури. За финансиските одлуки, важно е да се земат во предвид добрите и лошите страни при донесувањето одлука. Разговарајте со вашата фамилија и одлучете заедно дали тоа е нешто што ви помага долгорочно. Секогаш гледајте ја големата слика за вашите финансиски одлуки.
Бидете доследни
Доколку сега сфативте колку е значајно планирањето и управувањето со трошоците, за овие совети да бидат навистина вредни, спроведувањето на истите e во доследноста. Ако сте се одлучиле да ги следите вашите трошоци, тогаш направете го тоа во навика. Тоа е победничката формула за успех!