ИутеКредит Европа, водечка европска компанија за лични финансии, по унапредувањето на својата позиција на Регулираниот Пазар, е првата компанија од Естонија која влегува во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза. Како дел од Генералниот Стандард, ИутеКредит се обврзува на транспарентност која ќе овозможи бизнис моделот на компанијата да се презентира на што поголем круг инвеститори. Унапредувањето на позицијата на ИутеКредит во рамките на Регулираниот Пазар го означува почетокот на проширувањето на бизнис активностите и е дополнителен извор на капитал.

“ИутеКредит веќе ги надмина очекувањата на Отворениот Пазар пред да биде вклучен во Регулираниот Пазар. Дел од нашиот нордиски менталитет е да се биде одговорен пред инвеститорите, и правејќи го тоа компанијата покажува дека нејзиниот бизнис модел е одржлив дури и во време на криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот. Сега кога ги исполнивме формалните услови за да бидеме видливи за поголем број на интернационални инвеститори со вклучувањето во Регулираниот Пазар, веќе размислуваме за инвестиција во понатамошно проширување на нашите бизнис активности”, изјави Тармо Силд,  извршен директор на ИутеКредит Европа.