Ерор Колектив поддржан од ИутеКредит Македонија објавува конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за елементи од урбана опрема поставена на 7 (седум) локации во близина на експозитурите на Иуте Кредит низ државата. Услов за учество е конкурсните решенија да резултираат со идејна понуда на елемент од урбана опрема/склуптура со повеќенаменска улога инспирирана од логото на Иуте Кредит. Елементот на урбана опрема/склуптура треба да претставува референтна точка, место за краток одмор наменет за случајни минувачи, односно простор кој ќе обезбеди место за чекање и краток одмор пред влезот на филијалите на Иуте Кредит, земајќи го во предвид и социјалното дистанцирање. Зависно од потребите и просторот на самата локација, пожелно е елементот/скулптурата да е модуларен, односно да има можност основниот дизајн да биде надополнет со модуларен елемент поради подобра адаптибилност на секоја од локациите.

Основен модул за димензонирање е 60cm/60cm.Потребни прилози за приложување: основи, изгледи, 3Д(3Д модел, фотомонтажа, оксонометриски приказ)Право на учество имаат сите правни лица кои се регистрирани за вршење на дејност од областа на архитектурата и урбанизмот и физички лица – дипломирани инженери архитекти и студенти по архитектура / дизајн на ентериер и мебел / уметници и сите оние кои имаат некаква инспирација на темата.Конкурсните трудови ќе се доставуваат најдоцна до 14.01.2021 год. до 12.00 часот (по локално време) на следната електронска адреса: errorkolektiv@gmail.com. Конкурсната документација може да се превземе преку линкот објавен во прилог на конкурсот на социјалните мрежи.

За времетраење на конкурсот на располагање ќе бидат 2 архитекти за давање насоки во изработката на конкурсните трудови.Конкурсната документација ги содржи сите потребни информации кои ќе Ви помогнат во изработка на идејното решение (основи на локација, фотографии). Бројот на трудови со кои ќе учествуваат лицата не е ограничен, како и изборот на локацијата. Оценувањето на конкурсните трудови ќе биде по пат на јавно бодување(број на лајкови) на социјалните медиуми по истекот на датумот и час определен како краен рок за поднесување на конкурсните трудови во времетрање од 5 дена од крајниот рок за поднесување на конкурсните трудови.

На конкурсот е потврдено доделување на следниве награди/откупи:

• Прва награда во износ од 500еур во денарска противвредност

• Втора награда во износ од 300еур во денарска противвредност

• Трета награда во износ од 100еур во денарска противвредност

Организаторите го задржуваат правото доколку сметаат дека некое друго решение освен 3-те победнички е соодветно за реализација, истото да го спроведат. За сите дополнителни информации обратете се на errorkolektiv@gmail.com Сите потребни фајлови може да се преземат на линкот во прилог: https://drive.google.com/…/1ZAmDatiaXm2YiRYIztJ6QIj8lKf…

Скопје, Декември 2020 год.