ОПЕРАТИВНИ ДОСТИГНУВАЊА

  • Зголемена исплата на кредити.
  • Добра дисциплина за отплата на кредити.
  • Билансот на состојбата покажува 10% пораст до 116,6 милиони евра
  • Пораст во бројот на потпишани договори за кредит од 65,4% во однос на 2019 година

СТРАТЕШКИ ДОСТИГНУВАЊА

  • Имплементација на безкартични банкомати во Молдавија, како и лансирање на апликацијата MyIute во Моладавија и Албанија.
  • ИутеКредит Бугарија е повторно на развојна патека.

ФИНАНСИСКИ ДОСТИГНУВАЊА

  • Вкупниот приход е во пораст за 10% или 56 милиони евра во споредба со 50,8 милиони евра во 2019 година.

Талин, Естонија, 18 февруари 2021. ИутеКредит Европа, водечка групација за лични финансии ги објавува неревидираните резултати за декември 2020 година.

“Финансиската 2020 година беше во знакот на пандемијата, но ИутеКредит и покрај тоа успеа да го прошири својот бизнис.

Резултатите од изминатата фискална година се уште позначајни за нас со оглед на тоа што со почетокот на пандемијата на Ковид 19 на почетокот на првиот квартал, изгледите за остварување на оригиналните предвидувања беа многу мали. Така, во вториот квартал се соочивме со намалена побарувачка за кредитирање и намалена наплата на постоечките кредити, но се прилагодивме на регулативата за одложено плаќање на кредитни обврски. Во оваа фаза беа остварени релативно добри резултати со ограничена загуба.

Во третиот квартал ИутеКредит забележа пораст, додека пак четвртиот квартал беше комбинација од намалена побарувачка, но зголемено плаќање на веќе постоечките кредити.

Минатата фискална година ја завршивме подобро од 2019 година, иако остварените 56 милиони евра беа помалку од планираните.

И покрај ова, ИутеКредит продолжи да инвестира во финансиска технологија, со специјалните безкартични банкомати и апликацијата MyIute  – иновативни решенија за поефикасна онлајн интеракција со нашите клиенти.

Може да заклучиме дека успеавме да останеме верни на нашата мисија секогаш да им нудиме на клиентите исклучително корисничко искуство и да работиме профитабилно и во време на криза. На крајот на 2020-та година имавме повеќе од 130 000 активни клиенти во четири земји и профит од 5 милиони евра.

За 2021 година остануваме позитивни и сигурни дека индустријата за кредити ќе се адаптира на предизвиците кои пандемијата ги носи со себе. Очекуваме ИутеКредит да добие многу од дигитализацијата на процесите и можноста клиентите сами да ги реализираат дел од услугите. Дополнително, очекуваме и успех на повторно отворениот бизнис во Бугарија.

Во билансот на состојбата, очекуваме и исплатата на кредити и услугите на плаќање да се зголеми двојно до 200 милиони евра. Исто така, очекуваме и вкупната продажба да надмине 70 милиони евра со нето профит од најмалку 10 милиони евра и повеќе од 200 000 клиенти до крајот на 2021 година,” вели Тармо Силд, главен извршен директор на групацијата ИутеКредит Европа.