ИутеКредит Македонија ја лансираше новата редизајнирана Mastercard картичка која обезбедува уште подобро корисничко искуство и финансиски средства кои се на располагање 24/7.

Новата Mastercard на ИутеКредит има нов дизајн инспириран од прекрасните природни убавини на Македонија и содржи проѕирен елемент кој ја истакнува транспарентноста како еден од водечките принципи на компанијата.

Со неа ќе можете бесконтактно да плаќате на сите продажни места кои имаат POS терминал, да купувате и нарачувате преку интернет, како и да подигнувате пари од кој било банкомат во земјата и во странство.

Воедно, ИутеКредит овозможува и исплата на брз кеш кредит директно на вашата картичка, така што средствата се достапни за користење веднаш и во кое било време.

Картичката може да ја добиете со вашата следна одобрена апликација за кредит на веб страната https://iutecredit.mk/, на телефонскиот број 13 333 или директно во една од нашите експозитури во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Битола или Струмица.

За да го прославиме лансирањето на новиот дизајн, сите корисници на ИутеКредит Mastercard кои ќе направат 5 или повеќе трансакции од најмалку 1000 денари во текот на една недела, онлајн или на продажно место, ќе добијат подарок од ИутеКредит. Добитниците на подароците ќе ги бидат контактирани на неделно ниво, а акцијата ќе трае до 10.04.

ИутеКредит Македонија е првата небанкарска институција во Македонија и регионот што започна соработка со Mastercard, еден од најуспешните финансиски брендови.