ИутеКредит ги презентираше најновите кредитни поволности за пензионери
12/03/2021

ИутеКредит денес оствари средба со Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија (СЗПМ) каде беа презентирани актуелните можности и поволности за кредитирање на повозрасните граѓани.
Средбата се одржа во просториите на СЗПМ во пресрет на годишното собрание на кое присуствуваа и Станка Трајкова – претседател на СЗПМ и Ментор Ќоку – потпретседател на извршниот одбор на СЗПМ.
Од ИутеКредит на присутните им се обрати Елена Глигоровска – директор за човечки ресурси и корисничко искуство – која детално ги појасни условите, поволностите и можностите кои ИутеКредит ги нуди за оваа група на граѓани.
Генералниот заклучок од средбата е дека и кај повозрасните граѓани постои интерес за брзите кеш кредити на ИутеКредит за кои се аплицира само со лична карта и чек од пензија.
За потсетување, ИутеКредит Македонија нуди кеш кредит за пензионери во износ до 150.000 денари и рок на отплата до 36 месеци за лица до 70 години, односно до 40.000 денари и рок на отплата до 12 месеци за лица до 75 години.