Сите ние понекогаш имаме неопходност од дополнителни финансиски средства за да задоволиме некоја тековна потреба. Тоа може да биде нов мобилен телефон, телевизор, лаптоп, реновирање на домот или плаќање на заостанати режиски трошоци.

И кога парите ги немаме на располагање веднаш, наједноставното решение за задоволување на тие потреби е да позајмиме средства од специјализирана финансиска институција. Но, како да бидеме сигурни дека сме го избрале вистинскиот кредит кој ќе ни овозможи најбрзо, најкомфорно и по најниски трошоци да ги задоволиме нашите потреби? Ова се 5-те работи кои треба да ги земете предвид за да донесете правилна одлука.

Каматна стапка

Првото нешто што го гледаме кога аплицираме за кредит е висината на каматната стапка. Таа може да направи значителна разлика во однос на разликата на износот на кредитот кој ќе го земеме и вратиме. Пониска каматна стапка значи понизок трошок за паричните средства кои ќе ги добиете од финансиското друштво и автоматски значи понизок износ на рата за кредит.

Флексибилност

Кога нешто ќе наумиме да купиме, парите ни требаат брзо и веднаш. Затоа е важно да изберете финансиска институција која ќе ви овозможи за што е можно пократок временски период парите да се најдат на вашата сметка, по можност тоа да биде веднаш. Секој од нас преферира што е можно пократка процедура и временски период за добивање на средствата.

Трошоци и надоместоци

Обрнете внимание на административните и другите трошоци кои се неопходни за разгледување и одобрување на вашата апликација. Поедноставните процедури и необемната документација автоматски значат и помали трошоци за одобрување на кредитот.

Корисничка поддршка

Секогаш одберете финансиско друштво или институција која навистина се грижи за потребите на своите клиенти. Добрата корисничка поддршка го намалува ризикот од дополнителни трошоци и недоразбирања кои произлегуваат од недоволни или нејасни информации. Клиентите и нивните потреби секогаш треба да бидат на прво место, а задоволниот клиент е од најголем интерес за секое финансиско друштво.

Транспарентност и дигитализација

Дигитализацијата во областа на финансиите направи времињата кога со денови се чекаше да ви одобрат кредит да станат минато. Денес сѐ ви е достапно со еден клик, а истото важи и за статусот на вашата апликација, повратните информации дали сте одобрени или не, како и статусот на вашиот кредит. Сето ова ќе ви даде сигурност и транспарентност за целиот период на отплата, па затоа изберете финансиско друштво кое е подготвено истото да ви го понуди.

ИутеКредит Македонија ви овозможува исплата на брз кеш кредит до 150 000 ден. со можност за отплата до 36 рати само со лична карта. Аплицирајте тука, на телефонскиот број 13 333 или во нашите експозитури во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Струмица.