Што сѐ можеш да направиш со новата IuteCredit Mastercard
29/03/2021

Новата редизајнирана IuteCredit Mastercard, која е всушност прва и единствена ваква картичка во Македонија и регионот издадена од страна небанкарска институција, е веќе достапна за сите нови и постоечки клиенти на ИутеКредит.
Модерниот дизајн на картичката освен што додава естетски допир, ја покажува и идентитетската определба на компанијата кон современиот корисник кој преферира брзина, транспарентност и достапност – а токму тоа и го нуди новата IuteCredit Mastercard.
Со неа, вие како корисници можете бесконтактно да плаќате во сите продажни места кои имаат POS терминал, да купувате и нарачувате преку интернет и да подигнувате пари од кој било банкомат во земјата и странство.
Доколку се соочите со недостаток на финансиски средства, може да аплицирате за брз кеш кредит директно на вашата картичка со што средствата стануваат достапни за користење веднаш и во кое било време.
И тоа не е сѐ! Најдобриот дел е тоа што IuteCredit Mastercard ви овозможува да плаќате на рати во над 140 продажни места од партнерската мрежа на ИутеКредит која постојано се зголемува.
Така на пример, оваа пролет може да се подновите со нов велосипед, електричен тротинет, нови автомобилски гуми или кој било производ што во моментов ви е потребен, а истиот да можете да го плаќате на 36 рати.
Звучи супер, зарем не? Почекајте, имаме уште…
Од 10.03 до 10.04 секој што ќе направи 5 трансакции во износ од најмалку 1000 денари во текот на една недела, на интернет или во продажно место, ќе добие подарок од ИутеКредит.
Новата IuteCredit Mastercard може да ја добиете со вашата следна одобрена апликација за кредит на веб страната https://iutecredit.mk/, на телефонскиот број 13 333 или директно во една од нашите експозитури во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Битола или Струмица.