MyIute – твоите финансии на дланка
02/04/2021

ИутеКредит Македонија ја лансираше мобилната апликација MyIute за уште подобро корисничко искуство и 24/7 увид во вашите финансии и кредити.
Следејќи ги најновите трендови на светските финтек компании за комплетна дигитализација на личните финансии, ИутеКредит Македонија ја пушти во употреба новата MyIute апликација која од денес е достапна за сите.
Со MyIute отсега ќе можете брзо и лесно да аплицирате за кредит, да ги прикачите потребните документи онлајн и во истиот момент да ги добиете парите на вашата сметка.
Сето тоа го правите онлајн и од каде било – без никакви процедури и потреба од физичко присуство, туку директно преку вашиот мобилен телефон!
А покрај можноста да дојдете до потребните финансиски средства веднаш, MyIute овозможува во секое време да го следите статусот на вашиот кредит, да платите рата од удобноста на вашиот дом, како и да добивате персонализирани понуди од ИутеКредит и нашите партнери кои се достапни само за корисниците на MyIute.
И бидејќи вашиот комфор е наша главна цел, со MyIute ќе уживате во бројните други поволности и олеснувања кои на вас како корисник ви се достапни 24/7.
Апликацијата MyIute е достапна на App Store или Google Play на следниот линк.