Почнувајќи од денес 06.04.2021, па сè до следното известување, експозитурите на ИутеКредит Македонија ќе работат со променето работно време. Промената на работното време е направена согласно најновата одлука на Владата со која се забранува движење на територија на цела земја од 20 до 5 часот од понеделник до петок.

Со ново (скратено) работно време ќе работат сите експозитури во Скопје (освен во Чаир), Битола и Тетово, односно до 18.30 часот, наместо како досега до 20 часот.

Експозитурите во Чаир (Скопје), Штип, Куманово и Струмица продожуваат да работат по старо работно време.

Согласно новите препораки, во табелата со црвено се означени експозитурите со ново работно време:

Услугите на ИутеКредит продолжуваат да ви бидат достапни 24/7 на телефон 13 333, на е-маил info@iutecredit.mk и преку социјалните мрежи.