IuteCredit израдува 30 најлојални корисници на IuteCredit Mastercard
29/04/2021

Триесет корисници на IuteCredit Mastercard добија супер изненадување од IuteCredit по повод лансирањето на новата редизајнирана мастеркард картичка.
Акцијата важеше од 10.03 до 10.04, а награда доби секој корисник кој во период од една недела направил 5 или повеќе трансакции во вредност од минимум 1 000 денари.
Доделивме 30 подароци, а најголемиот дел од нив заминаа во Скопје. Освен во Скопје, ги израдувавме и нашите корисници во Охрид, Кочани, Штип, Македонски Брод, Куманово, Битола, Куманово и Кочани.
Ако сѐ уште ја немате IuteCredit Mastercard истата може да ја добиете со вашата следна одобрена апликација за кредит на веб страната https://iutecredit.mk/, на телефонскиот број 13 333 или во нашите експозитури во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Струмица.
Со IuteCredit Mastercard можете бесконтактно да плаќате на сите продажни места кои имаат POS терминал, да купувате или нарачувате преку интернет, како и да подигнувате пари од кој било банкомат во Македонија и странство.
Покрај тоа, IuteCredit врши исплата на брз кеш кредит директно на вашата картичка со што средствата стануваат достапни за користење веднаш.