За неполни две години од нејзиното лансирање IuteCredit Mastercard дојде до бројка од 22.222 издадени картички за корисниците!

IuteCredit Mastercard – првата и единствена платежна картичка од овој тип издадена од небанкарска институција во Македонија забележа издавање на 22.222 картички во земјава. Самата бројка и активното користење од страна на корисниците е потврда за успешноста на овој проект кој IuteCredit Македонија го реализира во соработка со Mastercard.

Од неодамна, IuteCredit Mastercard доби и нов изглед инспириран од природните убавини на нашата земја, а картичката содржи и мал проѕирен елемент кој ја истакнува транспарентноста на IuteCredit Македонија како еден од носечките принципи на компанијата.

Најголемата поволност при користење на IuteCredit Mastercard е во тоа што им овозможува на корисниците пристап до својот кредит 24/7 од каде и да се. Дополнително, IuteCredit Mastercard овозможува бесконтактно плаќање во сите продажни места, можност за плаќање преку интернет, повлекување на пари од кој било банкомат, а истата може да се користи и во странство.

Картичката може да ја добиете со вашата следна одобрена апликација за кредит на https://iutecredit.mk/, на телефонскиот број 13 333, во една од експозитурите на IuteCredit во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Битола или Струмица или од вашиот мобилен телефон преку мобилната апликација MyIute.