3, 2, 1… акција! Пред точно еден месец IuteCredit го заврши снимањето на една од најдобрите ТВ реклами кои компанијата ги има емитувано во Македонија.

Новата реклама позната како „Големиот план“ за првпат на ТВ екраните се појави за време на велигденските празници, а преку истата сакавме да покажеме дека долгите подготовки и процедури при аплицирање за кредит стануваат минато благодарение на мобилната апликација MyIute.

„Големиот план“ започнува со близок кадар од најдобриот македонски автомобилист и бренд амбасадор на IuteCredit Македонија, Игор Стефановски Иџе, кој заедно со уште двајца свои соработници, се подготвува за нешто што навидум изгледа како грабеж.

Но набрзо сфаќаме дека не станува збор за никаков грабеж, туку нашите протагонисти се подготвуваат да аплицираат за кредит.

Тензијата си го прави своето и двајцата соработници започнуваат расправија, а во меѓувреме Иџе вешто маневрира со својот телефон и благодарение на мобилната апликација MyIute успева да ги добие парите.

„Ги земав парите“, ги прекинува тој додавајќи “Многу лесно. Ја отворам MyIute апликацијата. Избираш сума, стискаш аплицирај. Сѐ правиш сам и за неколку минути парите се на мојата сметка“.

Откако ги подигнуваат парите од банкомат, тројцата влегуваат во црвениот Мустанг и заминуваат.

Целата реклама може да ја погледнете во продолжение:

А еве и што се случуваше позади сцената: