Каде би сакале да одите на одмор штом ќе биде безбедно за патување? Дали тоа ќе биде некоја убава песочна плажа во комбинација со лежалка и наочари за сонце или пак ќе ѝм се пропуштите на уличките во вашата омилена метропола која ви недостигаше изминатите година дена? Без оглед на изборот, знаеме дека нема да погрешите бидејќи одмор си е одмор, а ако ви е потребна инспирација, погледнете го нашиот список со топ 10 дестинации за совршен летен одмор.

Македонија

Најдобра и најбезбедна дестинација за ова лето е дефинитивно нашата земја. Дома си е дома, а кога зборуваме за дома мислиме на балканскиот Ерусалим – Охрид, на мистичното Преспанско Езеро, на Дојран и Струга, на живописното Маврово, на убавите планински предели на Попова Шапка, Берово или Пелистер… листата е долга, а едно е сигурно: без оглед на изборот нема да погрешите бидејќи не постои поубаво место од дома.

Португалија

Ако се решите за подалечна дестинација, нашиот прв избор е Португалија. Од историските градови Лисабон и Порто до малите калдрмени села на север, оваа земја е богата со локации чија убавина ќе ве остави без зборови. Задолжително посетете ја Брага која е прогласена за најдобра европска дестинација за 2021 година. Овој португалски град ќе им се допадне на љубителите на историјата и архитектурата. Брага е исто така задолжителна дестинација за гурманите, но и за зависниците од шопинг бидејќи таму се наоѓаат едни од најголемите трговски центри во Европа.

Италија

Сте слушнале за фразата „Сите патишта водат кон Рим“? Со децении наназад, Рим е еден од најомилените европски градови за туристите од целиот свет. “Roma Caput Mundi” на латински значи „Рим е главен град на светот“, а тоа е точно на многу начини. Римјаните ги обликуваа границите на Европа и ја збогатија културно како ниедна друга цивилизација, а тој историски белег може да го доживеете само ако го посетите главниот град на Италија. За љубителите на уметноста и архитектурата ја препорачуваме Фиренца, а доколку никогаш не сте ја посетиле Венеција, задолжително ставете ја на вашиот список.

Хрватска

На нешто помалку од 1000 километри оддалеченост, Хрватска е една од најдобрите летни дестинации во нашето соседство. Разноликите острови и преубавото Јадранско крајбрежје го имаат рецептот за незаборавна летна авантура, а тука е и импозантниот Дубровник кој задолжително треба да се најде на вашата листа со локации кои мора да се посетат.

Албанија

Нашиот западен сосед е уште една атрактивна дестинација за ова лето. Одличните плажи се една од причините зошто треба да ја посетите Албанија барем еднаш. Задолжително посетете ја плажата Ксамил која се наоѓа во јужниот дел од земјата и е на листата на најубавите плажи во Европа, а тука е и туристичкиот град Валона кој може да ви понуди многу со своите долги песочни плажи на границата помеѓу Јадранското и Јонското Море.

Франција

Ако Рим важеше за главен град на светот, тогаш Париз е главниот град на љубовта. Ако патот ве води кон Франција, нејзиниот главен град е првата дестинација која мора да ја посетите. Париз е град на културата, музеите, современата уметност, гастрономијата, модата… тој е дестинација во срцето на оние кои се љубопитни, сакаат да талкаат, понекогаш да се изгубат и се секогаш отворени за нови авантури со непознат крај.

Грција

Доколку летото го замислувате на убави песочни плажи, вашата идеална дестинација е Грција бидејќи таму се кријат едни од најубавите острови во светот. Закинтос, Кефалонија, Крит, Родос, Скиатос… листата е долга, а нема да погрешите дури и ако вашата следна летна дестинација ја одберете по случаен избор.

Црна Гора

Црна Гора крие многу убави места за летен одмор, а освен со убавите песочни плажи оваа земја може да се пофали и со други природни убавини како езера, водопади, реки, планински врвови и густи шуми. За љубителите на топлиот Јадран, најдобрите плажи се наоѓаат во Будва, Тиват, Херцег Нови и Бечичи.

Турција

Во последно време Турција успеа да стане епицентар на масовниот туризам благодарение на своите привлечни летни аранжмани. Нејзините медитерански одморалишта вообичаено ја отвораат сезоната за капење уште во мај, а истата трае до средината на октомври. Ако се прашувате кое е најдоброто место за одмор во Турција, ние би ви ги препорачале Анталија, Аланија, Кемер и Мармарис.

Австрија

Главниот град на Австрија, Виена, е совршена дестинација за вас и вашето семејство доколку наместо сонце и плажа претпочитате мирна прошетка со паузи во некој локален ресторан или кафуле во срцето на Европа. Виена, исто така, е богата со неверојатна архитектура на кои ќе и подзавидат и најдобрите архитекти на денешницата. Богатата историја и култура се дополнителен фактор кои го прават овој град топ дестинација за туристи од целиот свет.

Избери дестинација, ние сме тука за сѐ останато. Аплицирај за кеш кредит до 180 000 ден. на 42 рати тука.