Седумдесетина наши вработени од шест градови во Македонија викендов кајакареа на Матка и не потсетија на редовните забавни активности во кои сите ние уживавме кога сè беше во најдобар ред.

Ова беше нашиот прв вистински тим билдинг од појавата на Ковид-19 и преку неговиот слоган “Team Building Vaccinated” испративме порака дека наскоро доаѓаат подобри времиња каде ваквите друштвени активности повторно ќе станат нормална појава.

Надеж за подобри времиња влева и позитивното расположение на нашите вработени кои уште еднаш покажаа дека не го изгубиле натпреварувачкиот дух кој ние како компанија го градиме и негуваме.

По 40-минутното кајакарење направивме мал одмор во пештерата Врело восхитувајќи им се на неописливите природни убавини со кои е збогатена нашата земја и потоа повторно им се вративме на студените води на Матка.

Нашето викенд дружење го заокруживме со заеднички ручек и планови за следни активности 😊