ИутеКредит Македонија донираше маски и заштитна опрема на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“
08/06/2021

ИутеКредит Македонија денеска донираше заштитни маски и опрема на Клиниката за гастроентерохепатологија во рамките на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Донирани беа повеќе од 10 000 заштитни маски и дополнителна заштитна опрема која на медицинските лица во најголемиот клинички центар во земјава ќе им овозможи повеќе ресурси за справување со Ковид-19.

Донацијата ја прими директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија Д-р Калина Гривчева Старделова која ја поздрави оваа акција и порача дека ова е одличен пример за општествена одговорност на компаниите.
ИутеКредит Македонија и натаму продолжува да биде активен поддржувач на напорите кои ги прават здравствените работници со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.