ИутеКредит Македонија направи уште една донација на заштитни маски и опрема на Клиниката за детски болести при Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Донирани беа заштитни маски, униформи и пулс оксиметри кои на вработените во Клиниката за детски болести ќе им овозможат полесно и поподготвено да се справат со Ковид-19, но и со другите болести за кои секогаш се потребни вакви ресурси.

Донацијата ја примија вработените во Клиниката за детски болести, а претходно иста ваква донација ИутеКредит Македонија направи и во Клиниката за гастроентерохепатологија каде беа донирани повеќе од 10 000 заштитни маски и дополнителна заштитна опрема.

ИутеКредит Македонија како општествено одговорна компанија и во иднина ќе продолжи со слични активности со цел поддршка на здравствените работници и здравствениот сектор во Македонија.