СОС Детско Село денеска во Градски парк го одбележа 20-годишниот јубилеј од своето постоење, грижа и топол дом за деца без родители и родителска грижа.

ИутеКредит како општествено одговорна компанија и редовен поддржувач на каузата и активностите на СОС Детско Село ја даде својата поддршка и овој пат со присуство на настанот.

На настанот, нашата препознатлива маскота ги израдува присутните дечиња со балони, а потоа заедно уживавме во активности со реквизити за играње, гледање на цртани филмови, куклари и маѓионичари, за на крајот да ја дувнеме и роденденската торта.

За време на настанот, возрасните посетители имаа можност да се запознаат со придобивките на мобилната апликација MyIute која овозможува брзо и лесно добивање на неопходни финансиски средства за се што им е потребно, вклучително и остварување на детските желби.